Тиквеш: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: uk:Тиквеш
с Бот: козметички промени
Ред 6:
'''Тиквеш''' (или '''Тиквешија''') е [[низина]] и етно-географска област која се наоѓа централниот дел на [[Македонија]] (јужниот дел на [[Република Македонија]]). Најголемото населено место е [[Кавадарци]], а по него е [[Неготино]].
 
== Географија ==
 
Тиквешијата се наоѓа западно од реката [[Вардар]] (од нејзината десна страна) и ги опфаќа следниве релјефни целини: Тиквешката Котлина, северниот дел од висорамнината [[Витачево]] и долината на [[Раечка Река]]. На исток Тиквеш се граничи со [[Ниска Македонија (Повардарие) |Повардарието]], на југ со [[Мариово]] (Тиквешко Мариово), на запад со [[Пелагонија]], а на север преку врвот [[Ножот]] на планината [[Клепа]] е одделена од малата Изворска област и [[Област Азот (Велешко)|Азот]] односно поширокиот Велешки регион.
 
Хидрографски Тиквеш е средно богат со реки и низ него течат [[Раечка Река]], [[Дошница]], [[Бошава]], а низ Тиквешијата тече и [[Црна Река]] на која е изградено познатото вештачко [[Тиквешко Езеро]] кое е едно од најголемите вештачки езера во [[Република Македонија]]. Во Тиквешијата се изградени и 2 хидроцентрали и 1 термоцентрала за добивање електрична енергија: „ХЕЦ Тиквеш“, „ХЕЦ Дошница“ и „ТЕЦ Неготино“.
 
== Население ==
 
Во Тиквешијата живеат '''57953 жители''', од кои '''55267 (95,37%)''' се '''[[Македонци]]''', а останатиот дел се претежно Срби, Роми и Турци. Сепак најголем дел од населението е сконцентрирано во [[Кавадарци]] и [[Неготино]], а како и во останатите македонски региони па така и во овој селата масовно се празнат.
Ред 18:
Покарај двата града поголеми и поважни места во Тиквешијата се [[Ваташа]], [[Росоман]], [[Возарци]], [[Сопот]], [[Марена]], [[Ресава]], [[Дреново]], [[Бегниште]], [[Конопиште]], [[Рожден]] и др.
 
== Економија ==
 
Главна гранка на економскиот живот на жителите на Тиквешијата и носител на стопанскиот развој во целиот регион е земјоделието односно [[лозарство|лозарството]], по кое Тиквешијата е најпозната во [[Македонија]] и на [[Балканот]]. Лозовите насади во Тиквешијата се распространети на околу 11.000 хектари (8.000 на подрачјето на [[Општина Кавадарци]] и 3.000 на подрачјето на [[Општина Неготино]]). Тиквешијата претставува најголемо виногорје во [[Македонија]] и на [[Балканот]]. Од сортите на грозје кое се одгледува најзастапени се „смедеревка“ и „кратошија вранец“, а на помали површини се одгледуваат и десертните и трпезните сорти грозје: „кардинал“, „хамбург“, „афус али“, „рибиер“ и др. Како резултат на големите лозови насади во Тиквешијата има голем број на винарски визби кои грозјето го преработуваат во вино и ракија кои се пласираат на странските пазари. Најголеми винарски визби се „[[Тиквеш (фирма)|Тиквеш]]“ Кавадарци (најголема во Македонија) и „[[Поварадарие (фирма)|Повардарие]]“ Неготино, а во поново време се повеќе се отвораат и приватни винарски визби како „[[Попови]]“, „[[Чекорови]]“, „[[Китвин]]“, „[[Бовин]]“ идр.
Ред 26:
Покрај земјоделието најголеми капацитети кои вработуваат многу луѓе се индустриските капацитети пред се од металургијата и металопреработувачката индустрија. Недалеку од Кавадарци се наоѓа комбинатот за феро-никел „ФЕНИ Мак“ во кој има и слободна економска зона „Долина на Никелот“. Комбинатот „ФЕНИ Мак“ се снабдува со никелова руда од рудникот „Ржаново“ кој заедно со [[Алшар]] се единствените рудници во Тиквешијата богати со најразлични видови руди. Други индустриски капацитети и фирми од металската индустрија се „Металекс“ Кавадарци, „ИГМ Трејд“, „МИК“ и други.
 
== Етнологија ==
 
Од етнолошки аспект тиквешкиот крај најповеќе е познат по специфичниот дијалект кој се зборува. Во Тиквешијата се познати и носиите од долните и горните села (во висорамнината [[Витачево]], кон планината [[Кожуф]] и [[Мариово]]), како што етнографски се дели Тиквешијата. Од обичаите најпознати се [[Џоломари|Џоломарите]] од селата [[Бегниште]] и [[Ресава]] кој паганскиот обичај на маскирање за избркување на злите духови го зачувале до денес и традиционално секоја година се одржува на Василица (како и Вевчанскиот карневал), а Џоломарите редовно се претставуваат и на карневалот во [[Струмица]]. Џоломарите се најчесто облечени во дебели ленени костими, со вештачки бели [[брада (коса)|бради]] и [[мустаќи]], црно измачкани лица и со закачени ѕвонци на телата и рано изутрина одат низ селата започнувајќи го над илјада година стариот ритуал.
 
== Културни знаменитости ==
 
Тиквешкиот регион изоблиува со културни знаменитости како што се манастирите, црквите и пештерните цркви од средновековието. Познати манастари во Тиквешијата се [[Полошки Манастир|Полошкиот Манастир „Свети Георги“]] и [[Моклиште|Моклишкиот Манастир]]. Во средишниот дел на областа се наоѓаат двете познати пештерни цркви „Свети Лазар“ (во близина на село [[Бегниште]]) и „Свети Никола“ (во близина на селото [[Драдња]]).
 
== Познати македонски личности од Тиквешијата ==
 
Како и секој македонски регион така и Тиквешијата дала огромен број видни македонски личности, како што се борци и национални дејци за слободата на [[Македонија]] и [[Македонци|Македонците]], уметници, политичари, професори итн.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Тиквеш