Разлика помеѓу преработките на „Тапани“

Додадени 5 бајти ,  пред 10 години
с
Бот: козметички промени
с (Бот Додава: tl:Tambol)
с (Бот: козметички промени)
'''Тапаните''' се дел од перкусионистичката група на [[инструмент]]и, а технички се класифицираат како мембрафони. Тапанот е составен од [[мембрана]], која е растегната преку школка и доволно затегната за да произведе звук кога врз нејзе се врши [[притисок]]. Тапанот е најстариот [[музички инструмент]], и неговиот основен дизајн останува непроменет со илјадници години. Тапаните неможат да се штимаат, и [[звук]]от кој го произведуваат се одликува според физичкиот дизајн на самиот инструмент. Сепак тие се делат на долни и горни тонски тапани, а музичарите често користат комбинација од неколку тапани со цел да произведат [[музичка композиција]].
 
== Употреба ==
Најголемиот број тапани се свират со помош на раце,[[палици]],[[четкици за тапани]] и др. Во многу традиционални култури, тапаните имаат симболична функција и се често користени во религиозни церемонии. Тие се користат и во музичката терапија, бидејќи нивната тактичка природа има разни влијанија врз човечката психа. Во подрачјето на популарната музика и [[џез]]от, тие се користат за изведување на музички композиции.
 
== Историја ==
Во минатото тапаните не биле користени исклучиво само заради нивните музички квалитети, туку и како средство за комуникација, преку однапред определени сигнали. Во [[Африка]] тие се користеле за комуникација на големи далечини. Во [[Шри Ланка]], тапаните биле користени за комуникација помеѓу државата и нејзините граѓани. Јапонските трупи ги користеле тапаните за мотивација на војниците, за да создадат такт и ред во марширањето. Најстарите познати тапани датираат од 6000 пред нашата ера.
 
== Типови на тапани ==
 
* [[Абурукува]]
 
[[Категорија:Музички инструменти]]
 
[[Категорија:Удирачки инструменти]]
[[Категорија:Удирачки инструменти]]
941.847

уредувања