Македонски јазик (списание): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: козметички промени
Ред 1:
'''„Македонски јазик“''' е научно списание за [[македонскиот јазик]], [[македонистика]]та и развојот на македонскиот јазик кое денес го издава [[Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“]] при [[Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“]] во [[Скопје]], [[Македонија]]. Списанието излегува периодично, најчесто еднаш годишно што опфаќа теми за целата македонистика од тековната година со научни трудови од светки реномирани македонисти.
 
== Развој ==
 
Научното списание „Македонски јазик“, кое опстојува повеќе од половина век, започнало да излегува како месечен билтен на Катедрата за македонски јазик при Филозофскиот факултет во [[Скопје]], во јануари [[1950]] година. Иницијативата потекнала од шефот на Катедрата професорот [[Блаже Конески]]. Првиот уреднички состав на билтенот бил составен од Блаже Конески, [[Крум Тошев]], [[Божо Видоески]] и [[Радмила Угринова - Скаловска]]. Скромноста и самокритичноста на редакцијата се гледала не само во определбата како билтен, туку и во неговиот обем – еден и пол печатарски табак или 24-25 печатени страници, со прилично мал формат, што многу брзо се покажа недоволно во однос на интересот за соработка во него. Изданието имало за цел да ги објавува трудовите од областа на [[македонскиот јазик]], кои најмногу третираа правописни, лексички и други прашања.
 
 
Уште во првите броеви во билтенот си најдоа место и сериозни научни трудови на Б. Конески и К. Тошев, како и на многу други личности кои професионално и по образованост беа поврзани со јазична проблематика и оставиле длабока трага во македонистиката од тоа време. Се третирале и прашања од дијалектологијата и дијалектолошки истражувања. Така „Македонски јазик“ како билтен на Катедрата за македонски јазик набргу станало списание на [[Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“]] во Скопје, низ кое најдобро може сè до денес да се следи развојот и растот на македонската наука за јазикот.
 
== Тековна редакција ==
:Редакција:
 
* [[Снежана Веновска - Антевска]] (''заменик на одговорниот уредник'')
* [[Олгица Додевска - Михајловска]] (''секретар'')
* [[Лилјана Макаријоска]] (''одговорен уредник'')
* [[Стоја Поп-Атанасова]]
* [[Лидија Тантуровска]]
 
:Уредувачки одбор:
 
* [[Лилјана Минова - Ѓуркова]]
* [[Коста Пеев]]
* [[Влоѓимјеж Пјанка]]
* [[Трајко Стаматоски]]
* [[Рина Усикова]]
* [[Виктор Фридман]]
* [[Гизела Хавранек]]
 
== Наводи ==
* ''За почетоците на „Македонски јазик“, Радмила Угринова - Скаловска, Списание „Македонски јазик“, Скопје 2009.''
 
== Видете исто така ==
* [[Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“]]
* [[Македонистика]]
 
[[Категорија:Македонистика]]
 
[[Категорија:Македонски списанија]]