Солунски конгрес од 1896 година: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: козметички промени
Ред 1:
'''Солунскиот конгрес од 1896 година''' е првиот конгрес на ''Македонската Револуционерна Организација'' ([[ТМОРО]]), а потврда за тоа е сведоштвото на Татарчев кој го нарекува како '''''основачки и законодавен''''' <ref><small>''Д-р, Христо Татарчев, Вътрешна македоно-одринска революционна организация като мит или реалност, Цочо Биљарски и Валентин Китанов, София, 1995''</small></ref>. Конгресот се одржала за време на велигденските празници во 1896 година во [[Солун]], траел три дена, а со него заседавал [[Христо Татарчев]].
 
== Целта на Конгресот ==
Ред 5:
Развојот на организацијата на преден план исфрлила голем број на внатрешни и надворешни прашања, потоа се покажало дека постојните нормативни акти се тесни за понатамошен развој на ''Македонската револуционерна борба'', а истовремено дошло до засилување на странските пропаганди кои носеле опасност за организацијата<ref><small>''Ванчо Ѓорѓиев, Петар Поп Арсов - прилог кон проучувањето на македонското националноослободително движење, Скопје, 1997''</small></ref>. Овие, како и други прашања биле разгледани на Солунскиот конгрес.
 
== Делегати на конгресот ==
 
На конгресот според Ѓорче Петров присуствувале 15 до 16 души. Од нив се познати имињата на 14 души: [[Дамјан Груев]], [[Христо Татарчев]], [[Иван Хаџи Николов]], [[Христо Батанџиев]], [[Антон Димитров]] и [[Ѓорче Петров]] како членови на ''Централниот Комитет''. Додека како прествници на револуционерните реони присуствувале: [[Гоце Делчев]] - Штип, [[Пере Тошев]] - Битола, [[Христо Матов]] - Скопје, [[Петар Поп Арсов]] - Прилеп, [[Велко Думев]] - Велес, [[Кирил Прличев]] - Воден, [[Благој Клајчев]] - Сер и [[Христо Поп Коцев]] како преставник на Одрин.
 
== Прашањата кои биле разгледани ==
 
На почетокиот од конгресот, раководителите поднеле извештаии за состојбите во своите реони , а потоа биле разгледани следните прашања: 1. Администартивно - територијалната поделаба на организациионата територија, 2. Начинот на коресподенција, 3. Централизација или децентрализација на организацијата, 4. Односот кон останатите етнички групи во Македонија, 5. Статусот на Одрин и Цариград, 6. Прием на жените во организацијата, 7. Односот кон Врховниот комитет, 8. Односот кон егзархиската групација, 9. Односот кон странските пропаганди, 10. Преточување на конгресните одлуки во нов Устав и Правилник <ref name="vgj"><small>''Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893-1903 година, Институт за Историја-Филозофски Факултет, Табернакул, Скопје, 2003''</small></ref>.
 
== Одлуки на Солунскиот конгерс ==
 
Организацијата од овој конгрес излегла со ново име:
Ред 42:
11. ''На крајот било решено Гоце Делчев и Ѓорче Петров да го изработат новиот устав и правилник врз основа на конгресните одлуки.'' <ref><small>''Ѓорче Петров, Спомени''</small></ref><ref name="ht"> <small>''Д-р, Христо Татарчев, Вътрешна македоно-одринска революционна организация като мит или реалност, Цочо Биљарски и Валентин Китанов, София, 1995</small></ref><ref><small>''Уставот на ТМОРО''</small></ref>.}}
 
== Значењето на Солунскиот конгрес од 1896 година ==
 
{{Цитат|''По Солунскиот конгрес започнува нова фаза на македонското револуционерно и национално ослободително движење. Со широкото отварање на организациските врати за сите незадоволни елементи, се созадле претпоставки за брзо масовизирање на движењето. Организацијата цврсто застанала на патопт на надворешните влијанија, манифестирајќи го принципот за одбрана на самобитноста на Македонија''<ref name="vgj"/>}}
 
== Извори ==
 
<references/>