Разлика помеѓу преработките на „Скриптирање на опслужувачка страна“

с
Бот: козметички промени
с (Бот Додава: ko:서버 사이드 스크립트 언어)
с (Бот: козметички промени)
Скриптирање на серверска страна (анг. '''Server-side scripting''') е [[веб сервер]] технологија каде што упитите се разрешуваат преку стартување на скрипта директно на веб серверот, која генерира димачка [[HTML]] страници. Оваа технологија вообичаено се користи за дизајнирање на интерактивни веб страници кои во позадина се поврзани со бази на податоци или слични складишта на податоци. Оваа технологија е реалична од технологијата на [[Скриптирање на клиентска страна]] каде што скриптите се извршуваат кај клиентот во рамките на [[веб прелистувач|веб прелистувачот]]. За оваа намена најчесто се користи [[JavaScript]]. Основната предност кај скриптирањето на серверска страна е можноста за прецизно подесување на одговорот на серверот согласно со барањата упатени од страна на клиентот, а согласно со неговите привилегии за пристап и дефинираните политики за работа со базите на податоци.
 
== Вовед ==
 
Во "старите" времиња оваа технологија била исклучиво применувана во комбинација со [[C (програмски јазик)|C]] програмирањето, [[Perl]] скрипти и [[шел скрипти]] користејќи се со техниката [[Common Gateway Interface]] (CGI). Овие скрипти се извршуваат од страна на [[оперативен систем|оперативниот систем]]. Кодирањето / програмирањето, се изведува на класичен начин согласно програмската спецификација за дадениот програмски јазик, а резултатите едноставно се испорачуваат на веб серверот кој понатаму ги доставува до веб клиентот. Денес, покрај гореспоменатите техники, исто така се користат и [[Active Server Pages|ASP]] и [[PHP]], кои директно се извршуваат од страна на серверот или од страна на одредени модули (т.е. [[mod_perlmod perl]] или [[mod_phpmod php]]). Двата начина на скриптирање (т.е. CGI или директно извршување) можат да се исползуваат за креирање на комплексни веб страници. Препорачливо е да се користи техниката на директно извршување бидејќи вообичаено оваа техника резултира со побрз одзив бидејќи нема постојано повикување на соодветниот интерпретер.
 
Динамичките веб страни понекогаш се опслужувани од специјално дизајниран веб апликациски сервер, како што е например [[Python (програмски јазик)|Python]] "Base HTTP Server" библиотеката.
 
== Технологии за скриптирање на серверска страна ==
 
Било кој програмски јазик може да изгенерира веб страница со помош на CGI техниката. Во продолжение ќе бидат набројани технологии кои главно се дизајнирани за скриптирање на серверска страна, вообичаено со вгнездување на инструкциите директно во шаблонизираните веб страници.
 
 
== Креирање на динамички веб страници ==
Креирањето на [[динамичка веб страница|динамички веб страници]] на страната на серверот е една од главните примени на јазиците за '''скриптирањето на серверска страна'''.
 
Како алтернатива на оваа техника се користи уште и '''[[систем на веб шаблони|системот на веб шаблони]]''' во таканаречена [[Model-view-controller|MVC рамка]]. Било кој [[Домен-специфичен програмски јазик|"не веб специфичен" програмски јазик]] може да се користи за управување со [[веб шаблони]]те.
 
== Види исто така ==
 
* [[Content management system|content management system (CMS)]].
941.847

уредувања