Сибирски тигар: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: eu:Siberiar tigre; козметички промени
с Бот: козметички промени
Ред 26:
'''Сибирски тигар''' (''Panthera tigris altaica'') , познат и со имињата ''амурски тигар'', ''источносибирски тигар'' и ''усуриски тигар'' е редок подвид на тигар што живее на Далечениот Исток. Тој е најголемaта мачка на светот и истовремено со тоа еден од најмалобројните подвидови тигри. Внесен е во Црвената книга и е заштитен.
 
== Карактеристики ==
На должина се протега до 3 метри со опашот, висина од 1 метар во плеќите и тежина до 350 kg ( расте цел живот ). Нормалната тежина е околу 200 kg и 90 см висина. Женките обично се помали - 100-180 кг. Крзното е жолтеникаво со црни ленти, оддолу на стомакот е бело. Долго и густо, тоа му овозможува да живее при температури и до -45 °C. Канџите се долги 10 см и мошне остри, а видот му е 5 пати подобар од човековиот. Сибирскиот тигар е ѕвер со огромна физичка моќ кој може да влече животно со размери на коњ со стотици метри. Независно од своите крупни размери може да трча со брзина од 50 километри на час, а некои индивидуи и до 70 км на час. Добар пливач е и многу ја сака водата. Секое животно има свој индивидуален реон на живеење со просечна големина од 50км².
 
== Исхрана ==
Сибирски тигар е вистински карнивор и се храни само со месо. 65-90% од пленот е [[обичен елен|обичниот елен]]. Исто така негови жртви се и [[лос]]от, [[срна]]та, [[елен сика|еленот сика]] , [[горал]]от и [[дива свиња|дивата свиња]]. Понекогаш лови и помал дивеч како зајаци и глувци. Наеднаш може да изјаде до 20кг месо.
 
== Репродукција ==
Половата зрелост достигнува на 4 годишна возраст. Се парат по секое време на годината за околу десетина дена. Бременоста е 3-3½ месеци. Раѓаат 2-4 слепи мачиња. На 2-3 днедела ги отвараат очите, а на четвртата неделе веќе добро гледаат. До двомесечна возраст цицаат, а потоа почнуваат да се хранат и со месо. Сепак цицаат до седум месечна возраст а понегаш и повеќе.
 
== Распространетост ==
Се среќава на Далечниот Исток, во [[Русија]] и [[Кина]]. Во [[Приморски крај|Приморскиот крај]] на Русија живеат околу 450 единки, а во Кина нешто 40-50 (10%). Оделни индивидуи се среќаваат и во [[Северна Кореја]], до руско-кинеската граница. Како резултат на заштитата во последниве години популацијата споро се зголемува и ја проширува својата територија, враќајќи си ги старите живеалишта.
 
== Надворешни врски ==
* [http://www.amur-leopard.org/index.php?pg=1209291715 ALTA - Унија на амурскиот леопард и тигар] {{en}}
* [http://www.tigrisfoundation.nl/cms/publish/content/showpage.asp?pageID=12 Фондација Тигрис ] {{en}}