Сергеј Рахманинов: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: козметички промени
Ред 7:
| Alias = Сергеј
| Occupation = композитор, пијанист
| Born= {{роден на|1|април|1873}}<br />{{flagicon|Russia}} <small>{{роден во |Семјоново|Русија}}</small>
| Died= {{починал на|28|март|1943}}<br />{{flagicon|USA}} <small>{{починал во|Беверли Хилс|САД}}</small>
| Years_active = 1891&ndash;19431891–1943
| URL = [http://en.wikipedia.org/wiki/Sergei_Rachmaninoff/]
}}
'''Сергеј Василевич Рахманинов''' бил руски [[пијанист]], [[композитор]] и [[диригент]], еден од најпознатите руски пијанисти кон крајот на XIX-от век и почетокот на XX-от век. Во неговите дела, најдоминирачки инструмент е [[пијано|пијаното]], кое Рахманинов го научил до совршенство, проучивајќи ги можностите на овој музички инструмент. Неговата музичка филозофија потекнувала од руската духовна традиција, каде улогата на уметникот е да направи убавина и да ја зборува вистината од неговото срце. Неговите дела го претставуваат доцниот Руски [[Романтизам]] во класичната музика. Бил инспириран од [[Петар Илич Чајковски]], [[Николај Римски-Корсаков|Корсаков]] и другите познати Руски композитори. Како композитор пишувал хорски дела, [[опера|опери]], клавирски сонати, клавирски концерти, [[увертира|увертири]] и [[симфонија|симфонии]]. Не била само вештината на свирење клавир, која го ловела вниманието на публиката, туку и харизмата која тој ја поседувал.
= Живот =
Сергеј Василевич Рахманинов е роден на [[1 април]] [[1873]] година во Семјоново, град во северно-источна [[Русија]]. Уште на четири години го покажал својот интерес кон музиката, учејќи да свири на клавир, а на девет годишна возраст се запишал на музичкото училиште во [[Санкт-Петербург]]. Од [[1988]] година го продолжил своето образование во Московското музичко училиште.
== Младост ==
Уште како млад ја покажал својата талентираност во компонирањето. Првите сериозни дела за клавир ги компонирал и извел на тринаесет години. Додека студирал, ја напишал операта “Алеко”, која се состоела од еден чин и за која добил златен медал за композицијата на операта. На деветнаесет години, во [[1892]] година, го напишал Првиот Концерт за клавир, за кој ќе добие големи критики и кој ќе го преработи во [[1917]] година.
== Почетни препреки и неуспеси ==
[[Податотека:Рахманинов1.jpg|thumb|right|200px|Рахманинов покрај клавир]]
Првиот Концерт за клавир бил промовиран на [[27 март]] [[1897]] година, кој се здобил со големи критики. Исто така, Рахманинов сакал да се ожени со неговата братучетка Наталија, за која црквата нема да даде дозвола. Сите овие работи многу ќе му наштетат на неговото здравје, што ќе доведе до период на голема депресија.
 
Во наредниот период Рахманинов пишувал се помалку музика, се додека не започнал аутосугестивна терапија. Како резултат на овие сеанси бил Вториот Концерт за клавир, кое е едно од неговите најдобри композиции. Уште повеќе закрепнал, кога по неколку години, црквата му дозволила да се ожени со Наталија. Церемонијата се одржала на [[29 април]] [[1902]] година во [[Москва]] и нивниот брак траел се до смртта на Рахманинов. По неколку успешни сценски настапи како диригент, понудена му е работа во Големиот театар , кој поради политични причини ќе го напушти две години подоцна.
== Емиграција во САД ==
Рахманинов првата турнеја во [[САД]], како пијанист, ја направил во [[1909]] година. Оваа успешна турнеја ќе го направи славна личност во САД. По [[Октомвриска револуција|Октомвриската револуција]] во [[1917]] година и по губењето на својот имот, Рахманинов, покрај многуте други останати уметници, ја напуштил трајно својата татковина, [[Русија]], заедно со неговото семејство.
 
Емиграцијата во САД во [[1918]] година, за Рахманинов била нов период на живеење и творење. Композиторската активност останала во втор план, бидејќи морал да одржува многу концерти за да го издржи семејството. Помеѓу [[1892]] и [[1917]] (кога живеел во Русија) напишал 39 композиции, а од [[1918]], па се до неговата смрт во [[1943]] година (кога живеел во САД) напишал само 6 композиции. Тој кажал „Кога ја напуштив Русија, инспирацијата за компонирање ме напушти мене“. Неговото повторно оживување како композитор се вратило назад, откако ја изградил Вилата Сенар, во [[Швајцарија]] и таму ги поминал летата од [[1932]] до [[1939]] година. Вилата го потсетувала на неговиот поранешен имот во Русија. Таму, тој ги напишал Рапсодија на тема Паганини (една од најдобрите негови дела), Трета Симфонија и Симфонички танци (неговото последно завршено дело). Како поминуваа годините, Рахманинов се повеќе стануваше свесен дека веќе никогаш нема да се врати во неговата сакана татковина, Русија.
 
== Последните години од неговиот живот ==
Рахманинов се разболел на неговата турнеја при крајот на [[1942]] година. Имал напредна меланома, односно рак на кожата. Тој одлучил дека [[1942]]-[[1943|43]] ќе биде последната сезона како пијанист. Но проблемите допрвин почнувале. Докторите потоа констатирале меланхолија и плевритис. Рахманинов и Наталија, неговата жена, на [[1 февруари]] [[1943]] година биле прогласени за државјани на Америка. Но тоа веќе било доцна за Рахманинов. Неговиот последен концерт бил на [[17 февруари]] [[1943]] година, каде ја отсвирел [[Фредерик_ШопенФредерик Шопен|Шопеновата]] композиција, познатиот Посмртен марш.
 
На [[28 март]] [[1943]] година, неколку дена пред неговиот 70-ти роденден, починал од меланома, во [[Беверли Хилс]], [[Калифорнија]]. Тој сакал да биде погребан во неговата вила во Швајцарија, но [[Втората Светска војна]] ја направила неговата желба невозможна. Погребан е во [[Њу Јорк]].
 
= Дела =
Рахманинов пишувал опери, хорски дела, симфонии, увертири, клавирски сонати и клавирски концерти. Неговите најпознати дела се четирите Клавирски концерти и Рапсодија на тема Паганини.
 
Ред 63:
 
 
= Стил =
Без обзир на музиката, Рахманинов секогаш внимателно ги планирал неговите изведби. Тој сметал дека секое дело има своја кулминативна точка, за која уметникот морал да знае како да ја долови со пресметки и прецизност, инаку целата композиција ќе биде неефективна и нецелосна. Рахманинов поседувал неверојатен талент за клавир. Неговото свирење било многу прецизно, харизматично, и извонредно. Во неговите дела, најчесто доминирале тонови слични на ѕвоната, брзо и флексибилно темпо, складност и харизматичност.