Сегашно време во македонскиот јазик: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Брзо додавање категорија Глаголи во македонскиот јазик (со користење на HotCat)
с Бот: козметички промени
Ред 2:
'''Сегашното време во [[македонскиот јазик]]''' или поретко наречено со [[латински]]от назив '''презент''' е [[граматичко време]] кое се користи за искажување на сегашни дејства. Формите на сегашното време се образуваат со додавање соодветни наставки на основниот [[вокал]] на [[глагол]]от.
 
== Образување ==
 
За образувањето на сегашното време во македонскиот јазик се користат пет различни наставки и една нулта наставка. Како општо правило, според лице и број, табелскиот приказ на наставките е следен<ref name="македонска граматика">{{цитирана книга|coauthors=Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова - Ѓуркова, Живко Цветковски|title=Македонски јазик за средно образование|publisher=Просветно Дело АД|location=Скопје|date=2001|pages=117 / 118|language=македонски}}</ref>:
Ред 55:
Бидејќи во првото лице еднина основниот вокал и личната наставка се еднакви за сите глаголски групи, често во граматиките на македонскиот јазик се наведува ''-ам'' како наставка за ова лице додадена на општиот дел од глаголот.
 
== Употреба ==
 
Основното значење на сегашното време во македонскиот јазик е да означува дејство што се совпаѓа со времето на зборувањето - сегашноста. Ваквото значење се искажува со несвршени глаголи. Форми на сегашното време се образуваат и од свршени глаголи (пр. ''дојдам, кажам''), но тие не означуваат вистинска сегашност и се несамостојни - се употребуваат со некои сврзници или честици како на пример ''ако, да, дури да/не, додека да/не, ќе'' и други<ref name="македонска граматика"/>.
:пр: ''Ако дојдам навреме, ќе излезам да се сретнеме.''
 
== Други значења ==
 
Покрај основното значење на времето, со сегашното време во македонскиот јазик може да се искаже и<ref name="македонска граматика"/>:
 
# минатост
# идност
# севременост / општовременост
# повторливост
# готовност
# истовременост со друго дејство
 
== Наводи ==
{{reflist}}
 
== Видете исто така ==
* [[Граматика на македонскиот јазик]]
* [[Македонски јазик]]
* [[Сегашно време]]
* [[Глаголи во македонскиот јазик]]
 
[[Категорија:Граматички времиња на македонскиот јазик]]
 
[[Категорија:Македонска граматика]]
 
[[Категорија:Глаголи во македонскиот јазик]]