Републики во Русија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: af:Republieke van Rusland
с Бот: козметички промени
Ред 2:
[[Русија|Руската Федерација]] се дели на 84 [[Субјекти на Руската Федерација|федерални субјекти]] (составни единици), 21 од нив се '''[[република|републики]]'''. Републиките се територии со неруско население. Локалните етнички групи се нарекуваат „'''титуларни националности'''“. Заради децении (во некои случаи векови) внатрешна имиграција во рамките н Русија, оваа националност обично не е мнозинството во таа република.
 
== Уставен статус ==
Републиките се разликуваат од другите [[Субјекти на Руската Федерација|федерални субјекти]] по тоа што имаат право да постават свој [[официјален јазик]] (Член 68 од [[Устав на Руската Федерација|рускиот Устав]]) и да имаат свој устав. Другите федерални субјекти, како [[крај (територија)|краеви]] (територии) и [[област (територија)|области]] (провинции), го немаат ова право. Секоја република има свој [[претседател]].
 
Нивото на фактичка автономија варира од единица до единица, но обично таа е прилично голема. Парламентарните собранија на републиките често имаат донесувано закони кои се косат со федералниот устав, и претседателите на републиките знаат да бидат многу моќни. Меѓутоа оваа автономија е прилично намалена под водството на [[Владимир Путин]], Претседател на Руската Федерација од [[2000]], кој се залага за превласт на федералниот устав.
 
Воспоставувањето на седум големи краеви над регионите и управители назначени од претседателот ја има зајакнато власта на законот и следењето на уставот во републиките. Покрај тоа, Путин го има зајакнато законодавството во републиките, а ја има заслабнато извршната власт. Сега претседателите на републиките ги назначува самиот [[Претседател на Русија|претседател на Русија]], но ваквата номинација мора да биде прифатлива за парламентот на таа република.
 
ВО најголемиот дел од републиките има некаков вид на сепаратистичко движење, но овие не се многу силни. Меѓутоа меѓу [[татари]]те, [[башкири]]те, [[јакути]]те и [[чеченци]]те има силна поддршка за отцепување. Но оваа замисла е прилично проблематична заради етничкиот состав на населението во тие републики ([[Татарстан]], [[Башкортостан]], [[Јакутија]]); (заради [[Чеченска војна|Чеченската војна]], денес многу малку нечеченци живеат во [[Чеченија]]).
 
== Листа на републики во Русија ==
{|
|-
Ред 17:
|-
|
# [[Адигеја]]
# [[Република Алтај|Алтај]]
# [[Башкортостан]]
# [[Бурјатија]]
# [[Дагестан]]
# [[Ингушетија]]
# [[Кабардино-Балкарија]]
|
8. [[Калмикија]]<br />
Ред 236:
|-
|colspan="8" align="left"| '''Белешки:'''
# Кабардино-Балкарија, Карачево-Черкесија и Дагестан имаат повеќе титуларни националности.
# Некогашната [[Чеченско-Ингушка Автономна Советска Социјалистичка Република]] имала две титуларни националности сè до нејзината поделба на две републики, Чеченија и Ингушетија, во 1991.
# Десетте локални националности во Ингушетија се: [[Агули]], [[Кавкаски авари|Авари]], [[Даргинци]], [[Кумици]], [[Лакци (Дагестан)|Лакци]], [[Лезгинци]], [[Ногајци]], [[Рутулци]], [[Табасаранци]] и [[Цахури]].
# Сите броеви на население во таблицава се со до две децимали.
# [[Балкраци]]те, [[Карачајци]]те, [[Кумици]]те и [[Ногајци]]те се [[Турски народи|турски]] народи, додека [[Агули]]те, [[Кавкаски авари|Авари]]те, [[Черкеси]]те, [[Даргинци]]те, [[Лакци (Дагестан)|Лакците]], [[Лезгинци]]те, [[Рутулци]]те, [[Табасаранци]]те и [[Цахури]]те се [[Кавкаски јазици|кавкаски]].
# [[Кабардинци]]те и најголемиот дел од [[Балкарците]] се муслимани, но некои [[балкарци]] се [[Руска Православна Црква|руски православци]]
# [[Чеченска војна|Чеченската војна]] предизвикала голема бегласка миграција, и затоа точна проценка на населението во чеченија е невозможна. Многу од „чеченските граѓани“ впрочем живеат на друго место, главно во Ингушетија. Во некогашната Чеченско-Ингушка АССР, населението било 23% руско и 58% чеченско.
|}
</div>