Реџиналд де Бреј: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: козметички промени
Ред 2:
'''Реџиналд де Бреј''' бил [[македонист]], [[славист]], научен работник, [[полиглот]] и [[преведувач]].
 
== Биографија ==
Роден е во [[1912]] година во [[Санкт Петерсбург]]. Починал 1993 г. во [[Канбера]], [[Австралија]]. Бил професор по руски јазик на Лондонскиот универзитет, на факултетот за славистички и источни студии. Основач на катедрата за руски јазик на Монашкиот универзитет и професор по руски јазик на Австралискиот национален универзитет каде што се пензионирал во 1977 година. Член на повеќе меѓународни лингвистички асоцијации и друштва, а низа години ги претставуваше австралиските и новозеландските слависти во Меѓународниот комитет на славистите. Член на надворешниот состав на МАНУ. Тој е еден од првите слависти кои по Втората светска војна доаѓа во Македонија и оттогаш [[македонскиот јазик]] станува негова преокупација. Негово капитално дело е „Водич низ словенските јазици“ во кое рамноправно со другите словенски јазици е претставен и македонскиот јазик. Професорот Реџиналд де Бреј ја задолжил македонската култура и со своите преводи на поезијата на Радован Павловски на англиски јазик. Дел од тие преводи објави во Австралија во книгите Слободна песна од Железна Река (Канбера 1983) и Пат за в планина (Канбера 1985). Реџиналд де Бреј е почесен член на [[Друштвото на писателите на Македонија]].