Референдум во Македонија (2004): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
с Бот: козметички промени
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
[[СликаПодатотека:Kamanja_referendum_2004.jpg|right|thumb|220x|Плакат за собирање 100.000 потписи за референдумот]]
'''Референдумот од 2004 година''' е распишан со цел изјаснување околу ново-усвоениот закон за нова територијална поделба на Република Македонија. Согласно [[Устав на Република Македонија |Уставот на Република Македонија]] и Законот за [[референдум]] и [[граѓанска иницијатива]] објавен во [[Службен весник]] на РМ бр. 24/98, а по барање на 180.545 граѓани на Република Македонија со право на глас, [[Собрание на Република Македонија|Собранието на Република Македонија]] го распиша задолжителниот референдум за територијалната организација на Република Македонија. Референдумот се одржа на [[7 ноември]] [[2004]].
 
Иницијатор за собирање на потписите беше [[Светски македонски конгрес|Светскиот македонски конгрес]].
 
== Причини за референдумот ==
 
Новата територијална организација на Република Македонија предизвика голем број на контроверзи и поделби во македонската јавност, главно поради Етно-демографските импликации на новата територијална организација. Голем дел од Македонците, а и помал дел од албанското население сметаше дека со новата територијална организација се врши нарушување на етничката рамнотежа во Република Македонија. Во противници на предложената територијалната поделба вклучуваа се вброија повеќе опозициони партии, како и некои познати интелектуалци кои сметаа дека целиот процес на подготовка на новата територијална поделба се извршил крајно нетранспарентно, спротивно од волјата на граѓаните и дека е конципиран да направи етничка поделба помеѓу македонски и албански "територии". Некои од фактите и мислењата кои тие ги наведуваа се следните:
 
# [[Општина Гостивар]] која според старaта поделба имаше 26,54% [[Македонци]], со припојување на општините [[Вруток]], [[Долна Бањица]], [[Чегране]] и [[Србиново]] се намали бројот на Македонците на 19,77%,. Со ова одредбите од рамковниот договор не важат за Македонците на локално ниво како малцинство.
# [[Општина Тетово]] според старата поделба имаше 28,17% [[Македонци]], со припојување на општините [[Џепчиште]] и [[Шипковица]] нивниот број се намали на 23,16%, со тенденција да опадне под 20% поради високиот наталитет и константното доселување на [[Албанци]] од [[Косово]], а со тоа Македонците да се најдат во иста ситуација како во [[Гостивар]].
# [[Општина Струга]] имаше 47,94% [[Македонци]] и тие беа најбројни во општината, и со припојување на општините Велешта,Делогожди,Лабуништа и Луково бројот на Македонците опадна на 32,09%,а на Албанците се зголеми од 41,54% на 56,86%.
# На руралната [[Општина Чашка]] во Велешко (регионот Азот) покрај општините Богомила и Извор и се придадоа и селата Горно и Долно Јаболчиште (од Општина Велес) населени исклучиво со [[Албанци]] па така бројот на Албанците од само 7,47% скокна на 33,06% и со тоа ова историски-важно македонско подрачје станува двојазично со тенденција, поради големиот наталитет во албанските села, а нискиот во македонските оваа општина за некое време да стане мнозинско албанска.
# На [[Општина Долнени]] која се наоѓа во северниот дел на [[Пелагонија]] (Прилепското поле) и се придодаде општината [[Житоше]] па бројот на [[Македонци]] се намали од 41,79% на 36,57%,а бројот на Албанците и Бошњаците се зголеми (од 21,22% на 26,37% на Албанците и од 14,10% на 17,36% на Бошњаците) со што Долнени станs предоминантно муслиманска општина.
# Со припојувањето на општините Сарај и Кондово на Градот [[Скопје]] бројот на Албанците се зголеми од 15,30% на преку 20% со што главниот град на [[Република Македонија]] стана двојазичен. На [[Скопје]] му се придадоа уште 229 км квадратни и голем број села кои (некои немаат ни канализација ни телефонска мрежа) кои се одалечени и повеќе од 20 км од него.
 
Поддржувачите на новата територијална организација, кои ги опфаќаа владејачките партии, како и некои невладини организации сметаа дека со оваа поделба се исполнуваат обврските од [[Рамковен Договор|Рамковниот Договор]], а исто така се овозможува поголема независност на општините, односно [[фискална]] и физичка [[децентрализација]], која би била невозможна доколку би постоеле микро-општини како во претходната организација.
Ред 20:
Силниот отпор од страна на противниците на новата поделба резултираше со организирање на [[референдум 2004|референдум]]. На референдумот мнозинството се искажа Против новата територијална поделба, но не беше постигнат потребниот процент од 51% учество на вкупното население.
 
== Референдумска постапка и резултати ==
 
На овој референдум гласачите со ЗА и ПРОТИВ се изјаснуваа по прашањето:
Ред 27:
 
 
* Право на глас имаa 1.709.536 лица, запишани во Избирачкиот список.
 
* Гласањето се одвивало на 2.973 гласачки места, при што целата територија на Република Македонија беше една изборна единица.
 
* Изборни органи што го спроведувале референдумот се:
- Државната изборна комисија, 34 општински изборни комисии, 2.973 избирачки одбори.
 
Од вкупниот број гласачи, на референдумот излегле 454.347 или 26.58%, од тоа бројот на валидни гласачки ливчиња бил 449.324 или 26.28%.
 
* '''ЗА''' гласале: 427.112 или 94.01%
 
* '''ПРОТИВ''' гласале: 22.212 или 4.89%
 
Согласно уставот, референдумот бил прогласен за неуспешен затоа што не се изјасниле повеќе од половина од гласачите.
 
== Политички импликации ==
 
Зад иницијативата за референдум застана целокупниот опозиционен блок, додека владеачката коалиција предводена од [[СДСМ]], стравувајќи од етнички поделби и тензии, се противеше на референдумската иницијатива и бараше граѓаните да не гласаат на референдумот. Меѓународната заедница исто така негативно се произнесе по референдумската иницијатива. Најгласни во тоа барањето беа [[САД]] кои 2 дена пред референдумот ја признаа Република Македонија под уставното име.
 
 
== Види исто така ==
* [[Избори во Република Македонија]]
* [[Територијална организација на Република Македонија]]
 
== Надворешни врски ==
 
* [http://www.izbori.gov.mk/referendum2004/default.php Официјална страница на Референдумот]
* [http://www.smk-wmc.org/ Официјална страница на Светскиот македонски конгрес]
 
[[Категорија:Референдуми во Република Македонија]]