Реален Аикидо: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
с Бот: козметички промени
Ред 2:
{{внимание}}
 
== Историја на аикидото ==
'''Изворното аикидо''' потекнува од вештината аики-џицу, која што датира од 9-ти век од [[Јапонија]]. Истата била вклучена во борбената обука на самураите, базирајќи се врз техниката на одбрана. Оваа вештина ја изучувал и основачот на современото Аикидо, [[Морихеј Уешиба]] ([[1883]] - [[1969]]), познат на илјадници ученици на Аикидо во целиот свет како О Сенсеи - Големиот Учител. Како голем експерт во боречките вештини, не бил задоволен од ниедна, затоа што во сите имало премногу насилство, повредени или мртви. Уешиба сметал дека борбата чијашто цел е да го повреди или убие противникот треба да се забрани.
 
Ред 11:
Вежбањето Аикидо, опфаќа широко подрачје на стилови и тренинг, и им дозволува на луѓето да тренираат врз основа на нивните индивидуални нивоа и развој.
 
== Реален аикидо ==
'''Реалниот аикидо''' претставува стил на Аикидо кој го оформил Љубомир Врачаревиќ, Аикидо Мајстор 10 ДАН. Тоа е практична и ефикасна вештина за самоодбрана која што ги применува супериорните одбранбени техники засновани врз законите на природата.
Карактеристична е примената на атеми ваза (збунувачки удари) во виталните точки кои што служат за свртување на вниманието на противникот што е сосема доволно непречено да се заврши техниката.
Ред 18:
 
 
== АИКИДО ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА - РЕАЛЕН АИКИДО ==
Во Република Македонија Аикидо започнува континуирано да се изучува од 1986 г. под водство на
Г-дин Ѓуро Илиќ, најпрво во рамките на Џудо клубот "Пелистер" од Битола како Аикидо секција која подоцна прераснува во Аикидо Клуб "Пелистер".
Ред 24:
 
 
== СВЕТСКИ ЦЕНТАР ЗА РЕАЛЕН АИКИДО ==
Љубомир Врачаревиќ во 1993 год. го основа Светскиот центар за Реален Аикидо, организација која го насочува работењето на националните федерации од преку 30 држави од 4 континенти.
 
Ред 37:
Со добиените бројни покани за презентирање на Реалниот Аикидо на неколку големи семинари ширум Америка, како и остварените бројни контакти со други организации и асоцијации на боречките вештини, а пред сé презентираниот квалитет на Реалниот Аикидо пред Меѓународниот совет на големите мајстори, Реалниот Аикидо како најефикасна вештина на самоодбрана на широка врата влегува и на Американскиот континент.
 
== Надворешни врски ==
* [http://www.aikidofederationmk.com/ Аикидо Федерација на Македонија - Реален Аикидо]
* [http://www.aikido.com.mk/ КРА „Маруи“ Скопје]
* [http://www.realenaikido.com.mk/ КРА „Ирими Наге“ Скопје]
 
 
[[Категорија:Боречки вештини]]