Сопранови: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: da:The Sopranos
с Бот: Промена на шаблон: Инфокутија Телевизиска емисија; козметички промени
Ред 1:
{{Инфокутија Телевизисказа телевизиска емисија
|show_name = Сопранови
|image = [[СликаПодатотека:800px-Sopranos titlescreen.png|250п]]
|caption = Лого на серијата
|genre = [[драма]]
Ред 12:
|num_episodes = 86
|language = [[Англиски]]
|executive_producer = [[Дејвид Чејс]]<br />[[Бред Грејз]]<br />[[Теренс Винтер]]
|location = [[Њу Џерзи]]<br />[[Силверкап Студија]]
|runtime = 45-60 минути
|network = [[HBO]]
|picture_format = [[1080i]] [[HDTV]]
|audio_format = [[Стерео]]<br />[[Долби Дигитал 5.1]]
|first_aired = [[10 јануари]] [[1999]]
|last_aired = [[10 јуни]] [[2007]]
Ред 32:
Во Македонија, ''Сопранови'' беше во целост прикажана на [[А1 телевизија]].
 
== Ликови ==
Ентони „Тони“ Сопрано ([[Џејмс Гандолфини]]) е шефот на ДиМео криминалистичката фамилија и глава на семејството Сопрано. Тој има лични и професионални проблеми, и оди на терапии кај психијатар поради неговите напади на паника. Неговиот психијатар е др. Џенифер Мелфи ([[Лорејн Брако]]), исто така Итало-Американка. Др. Мелфи се обидува да ја задржи својата етичка и професионална позиција, и покрај тоа што е во опасност од Тони и неговиот криминалистичен животен стил.
 
Ред 49:
Џон „Џони Сек“ Сакримони ([[Винс Куратола]]), Фил Лиотардо ([[Френк Винсент]]) и „малиот“ Кармајн Лупертаци ([[Реј Абрузо]]) се сите значајни ликови од [[Њу Јорк]]шката Лупертаци мафија, која дели бизнис со Сопрано организацијата. Иако нивните интереси се често различни, Тони се обидува да одржува врска со нив и да договара за интересот на двете фамилии. Меѓутоа, потешко е да се работи со Фил Лиотардо, кој е амбициозен и не се мисли многу ако треба да изврши насилство против Тони и неговите колеги.
 
== Сезони ==
 
=== Прва сезона ===
[[СликаПодатотека:Ep01 tony.jpg|десно|мини|250п|Тони Сопрано во првата епизода]]
Серијата започнува со Тони Сопрано, како паѓа поради напад на паника. Ова го тера да започне терапија кај др. Џенифер Мелфи. Постепено, приказната ни открива дека мајката на Тони е манипулатор и е психотична, неговите деца немаат добра иднина, некој од организацијата зборува со [[ФБИ]], а неговиот вујко сака да го убие. Вујко му Џуниор е поставен како шеф на мафијата додека Тони ги контролира работите во позадина. Бесен на Џуниор поради планот да го убие, Тони се обидува да му врати со иста мера, и се соочува со неговата мајка за нејзината улога во планот на Џуниор. Таа добива удар. Џуниор е уапсен од [[ФБИ]].
 
=== Втора сезона ===
Ричи април излегува од затвор. Започнува врска со сестра му на Тони, Џенис. Пријателот на Тони, „Биг Пуси“ се враќа во Њу Џерзи по чудно отсуство, и Тони сфаќа дека тој контактира со ФБИ. Тогаш, Тони лично го убива, а Џенис го убива Ричи во жолчна расправа пред да може Тони да се справи со него.
 
=== Трета сезона ===
Во третата сезона се враќа амбициозниот Ралф Сифарето во организацијата, по долг престој во Флорида. Се вплеткува со пријатели на Тони и, иако тој лично не сака, Тони го унапредува. Џеки април Јуниор се впушта во врска со ќерка му на Тони, а подоцна и сé повеќе се вплеткува во криминал. Тони сака да го оттргне од ваквиот живот, но, Џеки претерува со тоа што организира кражба и при тоа убива неколку луѓе. Тони остава на Ралф да одлучи како понатаму со Џеки, и Ралф решава да го убие.
 
=== Четврта сезона ===
Тони го убива Ралф бидејќи е убеден дека Ралф го убил нивниот тркачки коњ со тоа што подметнал пожар. Однесувањето на Ралф до таа точка беше станало многу насилно и напорно, вклучувајќи и убиствата на девојките на Силвио во третата сезона. Напнатоста меѓу Тони и Кармела доаѓа до кулминација, кога поранешната љубовница на Тони, Ирина, се јавува кај нив дома. Нивниот брак конечно се распаѓа и Кармела го напушта. Џони Сек му се приближува на Тони, со предлог да го убијат Џони Лупертаци, но Тони одбива.
 
=== Петта сезона ===
Во петатта сезона, братучедот на Тони, Тони Бландето излегува од затвор заедно со неколку други ликови од мафијата. Кармајн неочекувано умира, но пред тоа не остава ни еден да ја води фамилијата, па затоа доаѓа до борба за превласт во Њу Јорк. И покрај тоа што се обидува да го ибегне враќањето во организираниот криминал, Бландето се вмешува во војната против наредбите на Тони. Кога Бландето го убива братот на Фил Лиотардо, Џони бара од Тони да го предаде. Тони одбива, но евентуално тој лично го убива Бландето за да не го предаде на другите да го мачат. Тони успева да ја убеди Кармела да му се врати. Кристофер дознава дека Адријана соработува со ФБИ и му кажува на Тони, кој му наредува на Силвио Данте да ја убие. Баш кога Џони и Тони треба да го прекинат крвопролевањето меѓу двете фамилии, ФБИ го апси Џони.
 
=== Шеста сезона ===
На почетокот на шестата сезона, во Тони пука неговиот веќе сенилен и збунет вујко Џуниор. По пукањето, Тони паѓа во кома и има многу живописни соништа. Откако ќе се разбуди, го чекаат многу проблеми во бизнисот.Вито е откриен дека е хомосексуалец и Тони треба да се справи со Фил Лиотардо, сега шеф на Њу Јорк, затоа што Џон Сек е во затвор. Тони ќе потклекне да му помогне на Вито, и Фил го убива. Се чини дека семејствата се на работ на војна.
 
Ред 74:
Џони Сек умира од рак во затворот и Лиотардо ја зацврстува својата позиција во фамилијата Лупертаци. Тој го убива својот опонент и официјално ја презема улогата. Фил не сака да се согласи со Тони во врска со некои договори. Откако Тони ќе нападне еден војник од Лупертаци поради тоа што ѝ досадувал на Медоу, Фил наоѓа можност да се освети. Фил го нарачува убиството на Боби, кој е убиен со пукање. Силвио завршува во кома, а Тони се крие. Во Лупертаци, се договараат да не го убијат Тони и да му дадат шанса нему да оди да го убие Фил. Агент од ФБИ го информира Тони за локацијата на Фил, и Тони нарачува да го убијат. Со смртта на Фил, заканата од Њу Јорк е уништена и Тони, Кармела, Медоу и ЕјЏеј одат на вечера... Последната секвенца од серијата го покажува лицето на Тони и одеднаш се појавува црна слика, оставајќи ги гледачите во неизвесност дали Тони умира или преживува.
 
== Критики ==
''Сопранови'' е една од најкритикуваните серии на сите времиња. Многу пати е сметана за една од најдобрите серии на телевизија, а според TV Guide е прогласена за најголемата драма на сите времиња. Сопранови се појавува на петтото место на листата на 50 нај серии на TV Guide, позади [[Сајнфелд]], [[Ја сакам Луси]], [[Медени Месеци]] и [[Сé во семејството]]. Серијата беше на врвот на било каква листа за најдобра серија кога започна во 1999. <ref name="Stanford">Oxford, Jesse. [http://www.stanfordalumni.org/news/magazine/2002/sepoct/features/chase.html Family Man], standfordalumni.org, accessed [[May 8]], [[2007]]. </ref>
 
Ред 80:
 
 
== Белешки ==
<div class="references-small">
<references/>