Повардарска епархија: Разлика помеѓу преработките

с
Бот: козметички промени
с (Бот додава Шаблон: Без извори)
с (Бот: козметички промени)
'''Повардарската епархија''' ја возглавува Неговото Вископреосвештенство [[митрополит г. Агатангел|митрополитот г. Агатангел]]. Повардарската епархија ги опфаќа градовите [[Велес]], [[Кавадарци]], [[Неготино]], [[Валандово]], [[Богданци]], [[Демир Капија]] и [[Гевгелија]].
 
== Архиерејски намесништва ==
* [[Архиерејско намесништво Кавадарци]]
* [[Архиерејско намесништво Велес]]
* [[Архиерејско намесништво Гевгелија]]
 
== Познати манастири и цркви ==
* Полошки манастир - Св. Георгиј, Кавадаречко
* Св. Јован Ветерски, Велешко
* Пресвета Богородица, Велешко
* Манастир Св. Димитриј, [[Велес]]
* Моклишки манастир - Св. Никола, Кавадаречко
* Маркова пештерска црква, Кавадаречко
* Црква Пресвета Богородица, с. [[Дреново]]
 
 
== Историја на епархијата ==
Територијата на [[Република Македонија]] по својата географска положба го зазема централниот дел на [[Балканскиот Полуостров]] и претставува една од главните крстосници на економско-политичките и културните врски меѓу [[Европа]] и [[Блискиот Исток]]. Преку нејзината територија, уште од најдалечното минато, биле пренесувани традициите на народите и на разните етнички групи кои под разни историски околности и влијанија трпеле најразлични промени. Тие, како доказ за своето постоење оставиле богати и видливи траги кои што денес се неми сведоци. Тоа пред сé се богатите археолошки локалитети.
 
Градот [[Велес]] кој постоел како град уште пред раѓањето на Христа, за време на целата своја бурна историја заедно со својата околина се развивал и опстојувал во разни временски прилики и неприлики како што се војни, земјотреси, пожари, студови и друго. Со бројните манастири и цркви [[Велес]] во [[Средниот век]] прилегал на мала [[Света Гора]]. [[Велес]] како [[Епископско седиште]] се спомнува уште во XII век. Со тоа се потврдува дека во него и неговата околина се одвивал и развивал буен духовен и културен живот.
 
=== Градот Велес како архиерејско седиште ===
 
Од досегашните познати историски податоци се дознава дека Велес имал свој епископ за време на [[Охридскиот архиепископ Хоматијан]] ([[1215]] - [[1234]]). Сепак до [[1661]] г. нема сигурни податоци за другите велешки епископи. Постојат повеќе причини зошто е тоа така: на прво место е влијанието на политичките околности, а потоа, се разбира и црковните состојби во [[Охридската архиепископија]]. Епископите често биле присилно сменувани, од кои некои биле само по една година. Но од втората половина на XVII век веќе се познати приличен број имиња на велешки епископи кои во продолжение ќе ги именуваме:
Најстар историски извор за антитурското раздвижување во [[Велес]] постои од крајот на [[XVI век]]. Бунтот бил предводен од страна на тогашниот [[Охридски архиепископ Варлаам]], кој на [[Архиепископскиот трон]] дошол по смртта на [[Атанасиј I]], познатиот организатор за кревање на општобалканско востание за чија реализација барал помош од европските држави. [[Архиепископот Варлаам]] по сé изгледа активно продолжил по стапките на својот претходник, но сето тоа било со краток век. Во [[1598]] год., бил фатен и погубен од [[јаничар]]ите во [[Велес]].
 
# Данаил се спомнува во [[1641]] и [[1661]] г., како поранешен велешки епископ.
# Јосиф од Зографскиот манастир се спомнува во месец април 1668 г., (во документот против еретикот Герасим) и во 1670 г., (од натписот на Орешкиот манастир во околината на Велес).
# Митрофан се спомнува на [[12 мај]] [[1677]] г., како поранешен велешки епископ.
# Дионисиј се јавува во [[1683]] - [[1684]] г.
# Калиник учествувал во изборот на [[Охридскиот архиепископ Филотеј]] на [[16 јули]] [[1714]] г.
# Макариј се спомнува во [[1722]] г.
# Давид умрел како велешки епископ во [[1735]] г.
# Данаил бил хиротонисан за велешки епископ на [[26 јуни]] [[1735]] г. Исто така се спомнува и на [[16 август]] [[1735]] г.
# Јосиф се јавува во периодот ([[1746]] - [[1753]]).
# Теодосиј се спомнува во [[1759]] г.
# Јосиф се спомнува во [[1760]] г.
# [[Епископот Игнатиј]], грк од [[Лариса]]. Во [[1797]] г. бил поставен на повисок архиерејски чин - митрополит. Обиколувајќи ги сите манастири во својата епархија сé што нашол таму како стари книги, ги изгорел. Прост и неписмен, тој едвај знаел да се потпише. И како таков во велешката епархија владикувал 45 години. Умрел во длабока старост во Велес во 1841 г.
# [[Теоклит]] ([[1842]]-[[1847]]).
# [[Авксентиј I]] ([[1847]]-[[1855]]).
# [[Антим]] ([[1856]]-[[1866]]).
# [[Генадиј]] ([[1870]]-[[1872]]).
# [[Дамаскин]] ([[1872]]-[[1874]]).
# [[Методиј]] ([[1892]]-[[1894]]).
# [[Авксентиј II]] ([[1897]]-[[1907]]).
# [[Мелетиј]] ([[1907]]-[[1912]]).
 
 
== Надворешни врски ==
* [http://www.povardarska-eparhija.org.mk] Официјален веб сајт на Повардарската епархија на МПЦ
 
 
[[Категорија:Повардарска епархија| ]]
941.847

уредувања