Петар Кропоткин: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: Промена на шаблон: Инфокутија Личност
с Бот: козметички промени
Ред 35:
}}
 
'''Петар (Пјотр) Алексеевич Кропоткин''' ([[руски јазик|руски]]: Пётр Алексеевич Кропоткин)(9 декември 1842 - 8 февруари 1921) бил еден од најпознатите [[Анархизам|анархисти]] од [[Русија]]. Тој, исто така бил еден од најважните теоретичари на [[Анархистички комунизам|анархокомунизмот]]. Поради неговата титула [[Принц|принц]] тој меѓу анархистите е познат како „Анархистичкиот принц“. Има напишано многу книги, памфлети и други дела, но меѓу најзначајните се издвојуваат ''Освојувањето на лебот'', ''Полиња, фабрики и работилници'', како и неговото научно дело ''Взаемна помош: Фактор на еволуцијата''.
 
== Хронологија на животот на Кропоткин ==
 
'''1842:''' Петар Кропоткин е роден на 9-ти декември како син на Алексеј Петрович Кропоткин и Екатерина Николаевна Сулима. Алексеј бил релативно богат армиски офицер со благородна линија (Петар всушност бил принц). И покрај армиската дисциплина која ја одржувал дома, кариерата на Алексеј не била претерано успешна. Алексеј ја сретнал Екатерина за време на воен судир во 1831 година. Тие имале четири деца: Николај ( 1834 ), Јелена ( 1835 ), Александар ( 1841 ) и Петар ( 1842 ). Екатерина како ќерка на козачки армиски офицер била уметнички надарена личност која уживала во читање, пишување и сликање. Петар останува близок со Александар и Екатерина во текот на целиот свој живот.
Ред 56:
'''1861:''' Ова е периодот кога руското селанство се еманципира. Таа акција влијаела многу декади нанапред врз социо-економските услови на [[Русија]]. Петар силно го подржувал овој потег и чувствувал симпатии кон царот Александар II бидејќи сметал дека тоа е само доказ за тоа дека царот е голем реформатор.
Во истата година Петар научил како е да се изгуби [[Слобода|слободата]]. Корпусот добил нов помошник директор кој ги отстранил сите бенефиции на постарите ученици. Како резултат на учеството во протестите Петар поминал неколку недели во затворот на корпусот. Ова било првото искуство во револуционерно бунтување на Петар.
И покрај судирите со авторитетот, Петар успеал да ја заврши последната година како прв во класот. Поради тоа бил назначен за page de chambre на императорот. Тоа претставувало значаен чекор за кариерата во армијата. Во таа позиција Петар поминувал многу време извршувајќи општествени функции на дворот. Со текот на времето извршувајќи ги тие функции, Петар изгубил многу доверба во царот. Кога направил споредба на дворот со работата и животните услови на селаните што ги видел на Николскиот панаѓур, Петар не можел повеќе да го почитува царот.
 
'''1862:''' Со наближувањето на матурата на Петар, тој започнал да размислува за неговата иднина. Поради неговиот интерес во [[Математика|математиката]], тој сериозно размислувал за да се запише во Артилериската академија. Сепак поради разочарувањето од власта тој одлучил да не се запише таму. Тој се гледал себе си на позиција каде би можел да влијае на општествените услови, а со тоа да им помогне на пониските класи во руското општество.
Едно од местата во Русија каде што би можел тој да влијае, според него било Сибир. Петар наишол на отпор од татко му и од соучениците поради локацијата, но сепак поради херојските подвизи за време на пожар во Apraksin Palace тој конечно успеал да добие служба во [[Сибир]]. Ова ја обележа една цела декада на шетање на Петар. Кога тој пристигна во Сибир, во октомври, Петар се најде под команда на генерал Кукел. Неговите задачи беа токму онакви на какви Петар се надеваше. За Петар, Кукел преставуваше либерал и реформатор кој започнуваше да прави значителни промени во Русија.
Една од првите задачи на Петар во Русија беше да служи како секретар на затворски реформски комитет. На закажани посети на затворот, комитетот беше сведок на бедни услови. Множество на предложени реформи беа испратени до [[Петроград]]. За жал, препораките беа игнорирани во најголем дел. Петар сепак беше длабоко погоден од нечовечноста што тој ја виде во затворите.
Ред 83:
 
'''1872:''' Во февруари Петар ја напушти Русија за да отпатува во Швајцарија. По пристигнувањето во Цирих, Петар веднаш се приклучи на локалниот кружок од Интернационалата. Му беше дадена социјалистичка литература што беше недостапна во Русија. После читање на бројни дела за социјализмот, Петар продолжи со проучувањето на темата со тоа што патуваше низ цела Швајцарија за да ги прашува познатите социјалистички лидери од тоа време. Тој започна да присуствува на работнички состаноци на Интернационалата (наместо на состаноци на лидерите). Во март еден пријател на Петар му предложи да ги посети центрите на Јура федерацијата во Нојхател.
Во Нојхател, Петар се сретна со Жилом, еден од најблиските соработници на Бакунин. Петар доби позитивен впечаток и за Жилом и за Јура федерацијата. Фасциниран од недостаток од организација во федерацијата, тој посака да ја види во акција. За да се види со самите работници од Јура, Петар отпатува до Зонвилир каде се запозна со уште еден лидер на Јура федерацијата, Адемар Швицгуебел. Тој го запозна Петар со работниците од регионот, кои повеќето беа часовничари. Изолираноста и самодоволноста на работниците го импресионираа Петар. Тој виде заедница на работници што беа успешни во работата на нивниот сопствен интерес. Токму во овој момент од неговиот живот тој почувствува дека стана анархист. Тој дури и размислуваше да остане во Швајцарија како дел од Јура федерацијата. Жилом го убеди дека тоа е непрактично. Една од најголемите иронии на ова патување е дека и покрај тоа што беа на многу блиско растојание, Петар Кропоткин никогаш не се сретна со Михаил Бакунин. Тогаш можеби беше најдобрата можност, но поради најразлични причини, Петар не отпатува до Локарно да се сретне со Бакунин. Двајцата најпроминентни руски анархисти никогаш не се сретнаа.
Кога тој се врати во Русија во Мај, Петар со себе понесе голема колекција на социјалистичка литература која беше „безусловно забранета со цензура“. Тоа беше неговиот прв субверзивен акт против државата. Тој ризикуваше многу со тој потег, со цел да ги сподели овие дела со неговиот брат. Охрабрен делумно од оваа литература Александар отпатува до Швајцарија за да се сретне лично со социјалистите. Како резултат на тоа патување, тој ја зазема страната на Лавров. Оваа страна беше ривалска во однос на онаа каде се наоѓаше Петар. За среќа, не се предизвика многу заострувања помеѓу браќата. Заземањето на страните го рефлектираше карактерот на браќата поединечно.
По неговото враќање, Петар беше нестрплив да ги сподели неговите новости со другите. Сепак материјата на темата ја правеше таа активност мошне ризична. Петар мораше да најде група на луѓе на кои може да им верува. Тој ја најде таа доверба во Кругот на Чајковски, група формирана за ширење на револуционерна свест низ Русија. Тој имаше тешкотии при вклучувањето во оваа група. Тој поседуваше поинакви идеолошки погледи од неколку лидери во Кругот и тој веќе беше седум до десет години постар од повеќето членови од кругот. Некои од нив сметаа дека тој би бил неспособен или неволен за целосно да придонесува кон каузата на Кругот.
 
'''1873:''' Петар покажа на Кругот дека грешат за него, со неговата работа во комитетот „Книжно дело“. Овој комитет беше формиран за промена на типот на социјалистичка литература достапна до селаните. До тоа време само интелектуалните пристапи беа заземани. Кругот на Чајковски почувствува дека овој тип на литература нема да ги охрабри селаните да се побунат. Наместо тоа, на нив им беше потреба литература во која им успешни примери на револти на масите. Самото пишување на овие памфлети мора да биде екстремно едноставно, поради недостигот на образование помеѓу работничката класа. Овие памфлети беа добро примени од селаните и евентуално власта ги прогласи за „екстремно опасни“ и ги забрани. Петар имаше одговорност за пишување на овие памфлети, но тој имаше и големо влијание врз развојот на комитетот.
До летото Петар беше вклучен и во други проекти во Кругот. Сепак, кога тој продаде дел од имотот, тој одби да даде пари на Кругот, акт што разлути многумина. Постоеше и понатамошна тензија за прашањата околу тоа дали Кругот треба да заземе страна помеѓу борбата за моќ на Бакунин и Лавров. Петар сметаше дека заземањето на страната со Лавров (како што многумина од кругот сакаа) би било негација на досегашниот нивни напредок во сеењето на семето на револтот на работниците.
Петар стана многу инволвиран со самите работници преку активностите на „Работно дело“во кругот. Вклучувањето во овој комитет бараше од Петар да држи предавања на работничките групи. Често пати тој ќе се облече како селанец наречен Бородин со цел да ја избегне полицијата како и да воспостави подобри односи со селаните (неговиот најголем аудиториум). Поради сето тоа и неговата изложеност на работничката класа претходно, Петар имаше многу поголем успех одошто другите предавачи. Тој многу уживаше да биде директно инволвиран со работниците и забележуваше каков впечаток имаа неговите зборови над нив. Тие се надеваа дека тие предавања евентуално ќе им овозможат на работниците да се обединат и да го отфрлат постојниот систем на владеење.
 
'''1874:''' Пред да ги комплетираат нивните цели, Кругот на Чајковски имаше заостанување. Во Март, на еден апартман на еден нивен студент, му беше извршена рација од страна на полицијата. Таму полицијата пронајде копии од револуционерниот манифест чиј автор беше П. А. Кропоткин. И покрај тоа што овој манифест беше првата политичка изјава на Петар, полицијата заклучи дека тој е лидер на целото „Движење во народот“. Кога Кропоткин дозна за ова откритие, тој веднаш започна да прави планови како да ја напушти земјата. Сепак, пред да замине, Петар сакаше да презентира труд на Географското друштво. Тој се спакувал, за да може да тргне веднаш по завршувањето на презентацијата. Трудот беше прифатен и изгледаше дека Петар ќе замине веднаш. Како што влезе во таксито, тој беше пресретнат со друго такси полно со работници. Петар помисли дека работниците избегнале апсење од полицијата и тој веднаш излезе со цел да им помогне и да разговара. Но штом излезе од таксито, од кај работниците се појавија полицајци и го уапсија Петар, не како принцот Петар Кропоткин, туку како Бородин, селанец, анархист.
 
Додека Петар го предаваше својот труд, полицијата направила рација во неговиот стан. Внатре тие ги најдоа дневникот на Петар, многу од неговите книги и записи, и сите од нив служеа како докази. Петар беше долго испрашуван долго време, но тој одби да даде било какви информации. Полицијата евентуално поткупи работници за да сведочат против Петар. Со помош на тие сведочења Петар беше преместен во озлогласената тврдина Петар и Павле во месец Април.
Ред 105:
'''1876:''' Откако Петар беше преместен во Домот за казни, неговите услови за живот се подобрија. Ова беше така бидејќи тоа беше , според зборовите на Петар, „големо место за фалење на странските посетители“. На Петар сега му беше дозволено слободно да комуницира со пријатели и роднини. И покрај подобрените животни услови, здравјето на Петар продолжи да се влошува. Неговата нова ќелија беше помала од онаа во тврдината Петар и Павле (околу 120cm широка), и Петар добиваше вртоглавици кога сакаше да ја продолжи неговата рутина на шетање внатре во ќелијата. По кратко време тој почна да пати од клаустрофобија.
 
Неговата сестра многу се загрижи за неговото здравје. Таа успеа да убеди еден доктор да предложи Петар да биде преместен во Воена болница, се додека не било подобрено неговото здравје. Во Мај, тој конечно беше преместен во Воената болница на Петроград. Ова беше значајно од неколку причини. Прво, Петар конечно го доби потребниот третман за подобрување на неговото ментално и физичко здравје. Набрзо тој почна да заздравува. Сепак, тој не дозволи тоа да им стане јасно на докторите. Тоа не води до втората причина на значењето на преместувањето на Петар во болницата; обезбедувањето беше минимално. Петар започна да работи на план за бегство.
 
До крајот на Јуни, Петар имаше добро разработен план за бегство кој го правеше за време на неговите секојдневни прошетки во дворот на болницата. Многу други луѓе беа вклучени во одвлекувањето на вниманието на стражарите, што би му овозможило на Петар безбедно да се качи во кочија за бегство. Но, на денот на бегството се случи катастрофа. Неговиот соучесник не успеа да најде црвени балони кои би биле користени за сигнал дека се е во ред за бегството. Бегството не се случи тој ден, за среќа на Петар. Колона од селски колички го блокираа патот по кој Петар требаше да избега тој ден. Доколку Петар се обидел да избега тој ден, сигурно би бил фатен.
Ред 115:
'''1877:''' Во Јануари, Петар замина од Англија за да живее во Нојхател регионот во Швајцарија, така што би можел да го посвети сето свое време на Јура федерацијата. Кога се врати во федерацијата, тој забележа дека федерацијата загубила прилично многу од влијанието која го имала споредено со последниот пат кога тој беше таму. Многу од проблемите се јавуваа поради недостиг на водство во федерацијата. Тоа пак значеше недостиг од насока, а Петар сметаше дека федерацијата има многу мал ефект врз работничкото движење. Една личност која го привлече вниманието на Петар беше Паул Броусе. Петар и Паул организираа демонстрација во Берн на 18 март со повод чествување на Париската комуна. Петар сметаше дека овој мал акт ќе ги подразбуди работниците. Некои од членовите на федерацијата се плашеа дека ќе има судири со полицијата. Петар се надеваше на такво нешто. Тој знаеше дека полициска интервенција ќе помогне во пропагандата.
 
Судирот со полицијата се случи. Групата го носеше црвеното знаме во чест на комуната. Законот во Швајцарија забрануваше тоа знаме да биде јавно истакнувано. Полицијата се обиде да ги заплени знамињата со сила. Шест или седум од полицајците беа повредени заедно со неколкумина од тие што протестираа. Полицијата сепак, потфрли во запленувањето на сите знамиња. Знамињата беа истакнати во халата каде се држеа говорите. Земено се во предвид, тоа беше прилично успешен ден. Полициската бруталност имаше огромен ефект над работниците. Бројноста на работниците после протестот речиси се удвои. Жилом не се согласи со Кропоткин дека протестот беше успешен. Жилом не ги одобруваше насилните тактики што беа користени, што доведе до одвојување помеѓу него и Петар.
 
За време на следните неколку години Петар беше вклучен во општествените конгреси. Во Септември, тој присуствуваше на последниот состанок на Интернационалата. Организацијата беше осудена на пропаст кога Маркс одлучи таа да биде преместена во Њу Јорк. Како што се распаѓаше Интернационалата, Петар забележа дека се развиваа проблемите помеѓу северните и јужните секции на Јура федерацијата. Овие поделби поткопаа многу резолуции кои се донесоа на тој состанок.
Ред 121:
Неделата по состанокот на Интернационалата, Петар учествуваше во Универзалниот социјалистички конгрес во Гент. И покрај тоа што тој беше назначен како еден од двајцата секретари на сесијата, Петар беше принуден рано да замине од конгресот бидејќи дознал дека полицијата го бара. Плашејќи се од екстрадиција во Русија, Петар ја напушти земјата и отиде за Англија. По кратко време поминато таму, тој повторно се врати во Швајцарија.
 
'''1878:''' Петар помина многу време од оваа година на зајакнување на Јура федерацијата. До Август, ја разви неговата прва поголема политичка програма. Оваа програма беше презентирана на годишниот конгрес на Јура. Присутни беа доста значајни личности, но сепак, Жилом и Бакунин не беа таму (Жилом не беше присутен бидејќи не беше активен повеќе, а Бакунин бидејќи не беше повеќе меѓу живите). Нивното отсуство остави празнина, која Петар сакаше да ја пополни. Неговата програма се состоеше од четири делови:
1. Колективизам
2. Негација на државата
3. Прифаќање на општествената револуција и крајот на капитализмот
4. Пропаганда преку дело (насилство) како средство за ставање крај на државата
 
Петар се надеваше на општество со влијанија од Париската комуна. Тој се надеваше дека со подобрувањето на условите за работа на работничката класа, ќе се подобри и нивната работна иницијатива. Тоа би го означило почетокот на општествената револуција.
Ред 133:
Петар во оваа година се ожени, без многу врева.
 
'''1880:''' Петар беше водечка сила во конгресот оваа година. И покрај тоа што тој не формулираше нови ставови, тој сепак рафинираше многу од оние кои Јура федерацијата ги застапуваше. Во овој момент, федерацијата започна да се оттргнува од традиционалните ставови, развивани од Бакунин, кон ставовите изразени од страна на Петар. Главните разлики се појавија во прашањето за наемнината. Бакунин поддржуваше систем во кој платите се засноваа на видот и количеството на работата која е спроведена. Петар ја преферираше идејата дека средствата на производство и опстанок може да бидат поделени подеднакво на сите во општеството. Неговите говори во овој период формираа значајна основа за социјалистичкото движење.
 
'''1881:''' Во јули оваа година, Петар присуствуваше на Интернационалниот анархистички конгрес во Лондон. Записите од овој конгрес кажуваат дека Петар имал значајна и водечка улога. Ова е важно бидејќи покажува дека Петар почнува да биде прифаќан во револуционерните кругови надвор од Јура федерацијата. На овој конгрес Петар ги изјаснува своите ставови за насилството како средство за охрабрување на револуцијата. И покрај тоа што сѐ уште има проблем со оправдувањето на сите типови на насилство, тој изјавува дека експлозијата е многу поефективна одошто гласањето. Сепак тоа требало да бидат терористички напади на народот, а не на индивидуата.
Ред 141:
Тој направи неколку записи не темата Пропаганда преку дело по атентатот над царот Александар II во март оваа година. Петар гледаше на тој настан како на знак дека општествената револуција се наближува. Атентатот резултираше со бројни егзекуции во Русија. Петар повикуваше на јавни протести против тие акции. Поради тие повици и поддршката за атентатот над царот, Петар беше избркан од Швајцарија во Август.
 
Речиси во исто време, новиот цар на Русија, Александар III, го формираше Светото братство. Тоа беше тајна организација формирана за започнување на контраофанзива против револуционерите. Една од првите акции на братството беше издавањето на две потерници за смртна казна. Едната беше за Лев Гартман, член на Народна волја, а другата беше за Петар Кропоткин. За среќа Петар дозна за оваа завера и ја објави во неговиот весник, како и во Times од Лондон и Chronicle од Њукасл. Руските власти беа длабоко засрамени од сето тоа и ги отповикаа своите агенти. Овој настан го убеди Петар да не се враќа во Русија. Наместо тоа, тој патуваше низ Англија држејќи предавања и пишуваше за најразлични публикации.
 
'''1882:''' Поголемиот дел од оваа година, Петар беше зафатен со пишување за Русија за Chronicle од Њукасл. Темата за која најчесто пишуваше се однесуваше на третирањето на работничката класа во Русија и корупцијата на власта. Иако се здоби со импресивна репутација, Петар не беше среќен во Англија. Тој сметаше дека нема работничко движење во Англија, ниту пак дека имаше некоја поголема општествена организација за него, за тој да се вклучи. Во октомври тој се пресели во францускиот град Тонон. За жал неговата репутација како анархист го претходеше. Тој беше во Франција само два месеци пред да биде уапсен и осуден на 5 години во затвор за вклученост во Интернационалата (која не постоеше во тој момент).
Ред 151:
Кога Петар најде време и енергија следните неколку години, тој одржа неколку предавања низ Англија и се обиде да воспостави анархистички весник во Англија.
 
'''1890-ти:''' За време на оваа декада Петар стана мошне популарен во Англија. Тој стекна пријателство со многу учители во тоа време. Поради болест, тој престана да држи предавања. Пролетта 1896, Петар беше поканет во Франција за да помогне да се соберат средства за повторно стартување на La Revolte. Француските власти го пресретнаа само што требаше да ја напушти Англија и го спречија. Во 1897, тој беше поканет да ја посети Канада од Британската асоцијација за унапредување на науката. После посетата на Канада, Петар мина низ САД, каде одржа неколку предавања. Тој беше разочаран поради тоа што неговите предавања беа слабо посетени во места како Бостон и Њу Јорк. Тој сепак беше задоволен од согласувањето на Atlantic Monthly за објавување на неговите мемоари.
 
Голем дел од времето Петар го поминуваше во пишување. Настрана од пишување за најразлични револуционерни публикации, Петар пишуваше три книги: Полиња, фабрики и работилници, Взаемна помош и Етика. Во овие книги Петар се обиде да развие анархокомунистички став кон општеството.
Ред 173:
Петар се возбудуваше поради можностите кои би се случиле доколку Германија биде поразена. Тој сфати дека процесот на повторна изградба од војната ќе ги создаде потребните услови за општествена промена. За Петар, војната против Германија беше војна против Државата.
 
'''1917:''' Настаните од февруари 1917 ги изненади речиси сите. Руската револуција беше спонтана револуција за која Петар и останатите пишуваа со декади. Кога стана јасно дека револуцијата беше успешна, Петар почна да се пакува за Русија. Тој ги предупреди луѓето дека сѐ уште е важно да се продолжи борбата против Германија. Само по завршувањето на војната руското општество ќе биде безбедно.
 
Петар пристигна во Петроград на 30 мај, 1917. И покрај тоа што многу револуционери се враќаа во тој период, популарноста на Петар предизвика да се собере околу него толпа луѓе кои го поздравуваа. Новите власти дури испратија и претставници да се сретнат со него. Тој ја искористи таа можност за да одржи прилично долг говор во кој тој ги слави револуционерите и потребата да се одбрани Русија од Германија. Тој беше екстатичен што Русија стана првата земја во историјата која ќе им гарантира еднаквост на сите граѓани и националности.
Ред 186:
 
 
== Надворешни врски ==
* [http://teror13.anarhija.org/tekstovi/00045.html Апел до младите]
* [http://anarhija.freediscussions.net/html-h11.htm Писмо на Кропоткин До Ленин]
* [http://anarhija.freediscussions.net/html-h28.htm Последното писмо на Кропоткин]
* [http://dwardmac.pitzer.edu/Anarchist_archives/kropotkin/mutaidcontents.html Взаемна помош: Фактор на еволуцијата]
* [http://dwardmac.pitzer.edu/Anarchist_Archives/kropotkin/fields.html Полиња, фабрики и работилници]
* [http://dwardmac.pitzer.edu/Anarchist_Archives/kropotkin/conquest/toc.html Освојувањето на лебот]
 
[[Категорија:Анархисти]]