Разлика помеѓу преработките на „Пела“

Додадени 43 бајти ,  пред 9 години
с
Бот: козметички промени
с (Бот: Измена шаблона: Одбрана)
с (Бот: козметички промени)
::''За други употреби, видете [[Пела (појаснување)]].''
 
[[СликаПодатотека:Pella location.jpg|thumb|right|Местоположбата на Пела]]
 
'''Пела''' бил град во [[Македон|Античка Македонија]] кој денес се наоѓа во [[Егејска Македонија]], [[Грција]]. Во времето на [[Византија|Византиската]] и [[Отоманската империја]], градот го носел името [[Постол]], сè додека властите не го вратиле старото име во [[1936]].
 
== Историја ==
Kаменот-темелник на градот го удрил кралот [[Архелај I]] (413 - 399 п.н.е.) со намена да биде главен град на кралството, да ја замени старата престолнина ([[Ајга]]). По ова, Пела била седиште на [[Филип II Македонски]] и [[Александар Македонски]], неговиот син. Во [[168 п.н.е.]] Пела била ограбена од Римјаните, а нејзиното богатство било пренесено во Рим. Подоцна градот го руши земјотрес и одново почнува да се гради врз рушевините. Веќе во [[180]] [[Луцијан]] поминувајќи го опишал местото како ''„денес незначајно, со многу малку жители“''.
 
Во [[Македонија во Римското царство|римска Македонија]], Пела бил главен град на третата област, и можеби бил престолнината на римскиот гувернер. Бидејќи низ неа поминувала [[Виа Игнација]] ([[Страбон]] VII, 323), Пела останала важна точка на патот помеѓу [[Дирахиум]] и [[Солун]]. [[Цицерон]] престојувал во градот во [[58 п.н.е.]], но во тоа време провинцијалната престолнина веќе била преместена во Солун.
 
Градот почнал да оди во регрес (веројатно заради земјотрес) кон крајот на I век п.н.е. Помеѓу 45 и 30 п.н.е. бил предмет на колонијална редукција; во секој случај локалните монети биле испишани со ''Colonia Iulia Augusta Pella''. [[Октавијан Август]] ова место им го подарил на селаните чии имоти биле одземени за да се дадат на неговите ветерани ([[Дион Касиј]] LI, 4). Но за разлика од други македонски колонии како [[Филипи]], [[Дион (град)|Дион]] и [[Касандреја]], Пела никогаш не била под јурисдикција на ''ius Italicum'' или Римското право. Од овојпериод познати ни се четири пара колонијални управители (''IIvirs quinquennales'').
 
Опаѓањето на градот било стрмо, и покрај колонизацијата: [[Дион Златоуст]] и [[Луцијан]] сведочат за падот на античката престолнина на [[Филип II Македонски|Филип II]] и [[Александар Македонски]]; иако нивните описи може да се претерани. Впрочем, римскиот град бил позападно од првобитниот град; што објансува некои контрадикции околу монети, [[епиграф (археологија)|епиграфи]] и сведоштва. Во византиско време, на местото на римскиот град имало утврдено село.
 
== Урбана област ==
 
[[Податотека:Plan Pella-mk.svg|thumb|right|300px|Шематски план на Пела]]
Градот бил изграден на островот Факос, 'рт кој предоминира над мочуриштата кои ја окружуваат Пела јужно, и езерото кое се одлевало во морето во хеленско време.
 
=== Палата ===
 
Градот кој Ливиј го спомнува е само парцијално познат. Тој се состои од висок бедем од груби тули (од околу 50 см²) подигнат на камена основа; дел се наоѓа северно од палатата, а дел јужно кон езрото. Во бедемот, на северниот дел има три брда, а палатата е сместена на почесното место на средното брдо. Оваа област е само делумно истражена и зафаќа голем простор од некои 60,000 м²). Плеанот сѐ уште не се знае добро, но се поврзува со планот на самиот град (видете го дијаграмот).
[[Агора]]та се наоѓала на почесно централно место, со димензии 200 x 181 m или 262 x 238 m ако се бројат [[портико|портиката]] што ја опкружуваат од сите страни.
 
== Археологија ==
 
Врз основа на описите од [[Тит Ливиј]], местото било копано од патешественици како Холанд, Поквевил, Божур, Кусинери, Делакулонш, Хан, Глоц и Штрук во [[XIX век]]. Првите ископувања ги започнал [[Г. Ојкономос]] во 1914-1915. Систематското истражување на наоѓалиштето започнало во 1953 и наполно искпоување во 1957. Првата низа ископи завршиле во 1963, додека други ископувања се вршеле и во 1980. Ископувањата на агората траат до ден денес.
 
Во доцните 1970-ти, археологот [[Манолис Андроникос]] ја открил гробницата на [[Филип II македонски|Филип II]] [[Македон]]ски, татко на [[Александар Македонски]]. Меѓу другото Андроникос има пронајдено и златна кутија на која се наоѓа [[Ѕвезда од Кутлеш|ѕвездата од Кутлеш]].
 
Во февруари [[2006]] еден земјоделец сосем случајно ја открил најголемата гробница најдена на територијата на денешна Грција. Имињата на членовите на [[Македон|македонското]] благородно семејство како и насликаните скулптури и ѕидови се сосема зачувани. Гробницата датира од [[II век п.н.е.|II]] или [[III век п.н.е.]], по владеењето на Александар Македонски.<ref>BBC World News. [http://news.bbc.co.uk/2/hi/europe/4707014.stm „Пронајден грчки гроб кој ги возбуди експертите“] од 12 февруари 2006 </ref>
 
[[СликаПодатотека:Pella_Lion_Hunt_Mosaic.jpg|thumb|250px|Мозаик - лов на лавови, Пела]]
 
[[СликаПодатотека:Pella_House_atrium.jpg|thumb|250px|[[Атриум]] со поден мозаик]]
Архелај го поканил сликарот [[Зевкиј]], најдобриот сликар во тоа време, за да го декорира. Подоцна тој бил домаќин на драматургот [[Еврипид]] по неговото пензионирање. Неговото дело ''[[Менади]]'' било премиерно прикажано таму, околу [[408 п.н.е.]]. Пела била родниот град на [[Филип II Македонски]] и неговиот син [[Александар Македонски]]. Исто така откриено е местото во дворецот каде [[Аристотел]] му туторувал на младиот Александар.
 
Славниот поет [[Арат]] умрел во пела ц. [[240 п.н.е.]]. Пела била ограбена од римјаните во [[168 п.н.е.]], и нејзиното градско богатство пренесено во Рим. Потоа во [[I век п.н.е.]] градот го руши земјотрес; пронајдени се продавници и занаетчиски работилници од тоа време заедно со остатоците од нивната стока. Подоцна градот бил одново изграден врз рушевините, што всушност ги заштитило, но во ''ц'' 180 [[Луцијан]] на поминување го опишал местото како „денес незначајно, со многу малку жители“. [http://www.tertullian.org/rpearse/lucian/lucian_alexander.htm Александар].
 
== Белешки ==
<references/>
 
== Библиографија ==
 
* Ch. J. Makaronas, ''Pella: Capital of Ancient Macedonia'', стр. 59-65, во ''Scientific American'', Special Issue, "Ancient Cities", ц. 1994. {{en}}
* Ph. Petsas, ''Pella. Alexander the Great's Capital'', Thessaloniki, 1977. {{en}}
* D. Papakonstandinou-Diamandourou, ''Πέλλα, ιστορική επισκόπησις και μαρτυρίαι'' ''Pella, istoriki episkopisis kai martyriai'', Thessaloniki, 1971. {{el}}
* R. Ginouvès, et al., ''La Macédoine'', CNRS Éditions, Paris, 1993, pp 90-98. {{fr}}
* F. Papazoglou, ''Les villes de Macédoine romaine'', BCH Suppl. 16, 1988, 135-139. {{fr}}
* Ph. Petsas, ''Pella. Alexander the Great's Capital'', Thessaloniki, 1977. {{en}}
 
{{Избрана}}
[[en:Pella]]
[[es:Pella (Grecia)]]
[[fi:Pella]]
[[fr:Pella]]
[[la:Pella]]
[[simple:Pella]]
[[sr:Префектура Пела]]
[[fi:Pella]]
[[sv:Pella]]
[[uk:Пелла (місто)]]
941.847

уредувања