Пајонија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: козметички промени
Ред 8:
== Историски развој и исчезнување на Пајонија ==
 
За прв пат овој народ се споменува во делото „[[Илијада]]“ на слепиот поет [[Хомер]], каде што тој ги претставил како сојузници на [[Троја]]нците. Тој опеал дека овој народ живеел на територијата околу реката Аксиј([[Вардар]]), речиси територијата на денешна [[Република Македонија]], претежно источните делови. Во Пајонија влегувале Источна [[Македонија]], реката [[Брегалница]] до [[Кочани]], реката [[Струма]], делови од [[Бугарија]] и Јужна [[Србија]]. Тие биле поделени на повеќе племиња: [[Лајаи]], [[Агријани]], [[Астрои]] и [[Иори]]. Во VI век п.н.е Пајонија била воено моќна и ги напаѓала тракискиот брег и [[Пропонтида]]. Во тој период Пајонија имала голема територија, од југот на [[Србија]] до [[Егејско Море]] и од [[Пирин]] до [[Пелагонија]]. Но, по појавата на Македонските кралеви моќта на Пајонија опаднала, таа го изгубила [[Солунско поле]] и излегувањето на [[Егејско море]], како и денешна Западна [[Македонија]]. Војувале и со [[Персија]], која по победата ги преселила [[Сиропајонците]], [[Пајоплите]] и племињата околу [[Прасијадското Езеро]] на [[Мала Азија]]. Во времето на македонскиот крал [[Александар I]] (498-454год. п.н.е) Пајонија ги изгубила градовите [[Мигдонија]], [[Крестонија]] и [[Амфакситида]], како и областите околу [[Пангеј]]. [[Агис]] (? – 359/8 год. Пр.н.е) бил првиот пајонски владетел чие постоење е потврдено со историските извори. По неговата смрт во 359 год. Пр.н.е [[Филип II]] ја покорил Пајонија и наметнал вазални односи. И покрај формалната зависност на Пајонија од [[Македонија]], на власт останала истата кралска куќа на чие чело стоел синот на [[Агис]], [[Ликеј]] (о. 356-о. 340 год. п.н.е). Покрај историските податоци и епиграфски споменици, за [[Ликеј]] говорат и парите што биле емитувани во негово име. Син и наследник на [[Ликеј]] бил [[Патрај]] (340/335-315 год. пр. н.е.), кој пак бил наследен од [[Авдолеон]] (315-286/5 год. пр. н.е.). [[Авдолеон]] највеке придонел да пајонскот кралство се доближи до развиениот хеленски свет и културата на државите на Александровите дијадоси. Во 289 год п.н.е. тој ја снабдувал [[Атина]] со жито бидејќи [[Антигон Гонат]] го зазел нејзиното главно пристаниште, [[Пиреј]]. Легитимен наследник на [[Авдолеон]] бил [[Аристон]] (286-85 год. Пр. н.е.), но тој бил нападнат од [[Лизимах]] и побегнал во [[Дарданија]]. По наездата на [[Келтите]] во почетокот на 3 век на пајонскиот престол дошол [[Леон]] (278-250 год. пр. н.е.), веројатно вториот син на [[Авдолеон]], кој пак бил наследен од синот [[Дропион]] ( 250 - 223 год. пр. н.е. ). [[Дропион]] е последниот пајонски крал, а воедно и основачот на пајонскиот којнон (сојуз). По неговата смрт просторот на Пајонија го превзела [[Античка Македонија]], под водство на кралот [[Филип V]] ([[221]]–[[179]] п.н.е), а северниот дел и припаднал на [[Дарданија]]. Под водство на синот на [[Филип V]], [[Персеј]] ([[179]]–[[168]] п.н.е.) [[Македонија]] се соочила со експанзионизмот на римската република. Ова резултирало со пораз на [[Македонија]] и распадот и на [[Македонското кралство]], кое во [[148]] п.н.е. подпаднало под директна римска власт.
 
== Литература ==
* [[Елеонора Петрова]]: ''Paeonia in the 2nd and the 1st millennia BC.'' Editio Monumenta Macedoniae. 3, Skopje 1999.
* Grace H. Macurdy: ''Troy and Paeonia. With glimpses of ancient Balkan history and religion.'' New York, 1925
 
== Надворешни врски ==
 
* [http://www.britannica.com/eb/article-9057963/Paeonia Пајонија - Статија во Encyclopædia Britannica]
* [http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=950DA979017E6348B6DCC08D648C3964 Откриени остатоците од античкиот пајонски град Билазора]
 
== Видете исто така ==
 
* [[Пајонско племенско и кралско монетоковање]]
* [[Пајонски јазик]]
* [[Пајонци]]
 
 
[[Категорија:Античка Македонија]]
[[Категорија:Пајонија]]
 
[[de:Paionia]]
[[el:Παιονία]]
[[en:Paionia]]
[[el:Παιονία]]
[[es:Peonia]]
 
[[Категорија:Пајонија]]