Разлика помеѓу преработките на „Органометална хемија“

с
Бот: козметички промени
с (Бот Додава: fa, hi Менува: la, pt, ru, uk)
с (Бот: козметички промени)
Иако горните формули за алкил литиумовите и Грињаровите реагенси ја рефлектираат [[стехиометрија]]та на реакциите и се користат нашироко во хемиската литература, тие не ја прикажуваат точно структурната природа на овие впечатливи супстанци. [[Смеса|Смесите]] на [[полимер]]ните и други асоцирани и комплексни соединенија се во [[Хемиска рамнотежа|рамнотежа]] под условите кои нормално се користат за нивна подготовка. На пример, едноставните алкил литиуми се големи хексамерни гроздови во [[јаглеводород]]ни [[растворувач]]и, но се менуваат во тетрамерни и димерни форми во различни [[етер]]ски растворувачи. За формацијата на Грињаровите реагенси е потребен етерски растворувач и тие се [[кристал]]изирани како [[мономер]]ни и димерни етерски [[Комплекс (хемија)|комплекси]]. Следните рамнотежни соединенија ([[Шленкова рамнотежа]]) се идентификувани во етерски [[раствор]]:
 
[[СликаПодатотека:Schlenk.gif|center|Шленкова рамнотежа.]]
 
Бидејќи магнезиумовите халиди се средни [[Киселина|Луисови киселини]], нивното присуство во раствор може да влијае на текот на некои хемиски реакции. Еден пример за ваква пертурбација е реакцијата на [[циклохексан оксид]] со [[метилмагнезиум бромид]], како што е прикажано десно во следната реакција. Магнезиум бромидот го прегрупира [[епоксид]]от во [[циклопентанкарбалдехид]], кој потоа го адира Грињаровиот реагенс на очекуваниот начин. [[Диметилмагнезиум]]от, пак, едноставно се адира на епоксидот со отоврање на затегнатиот прстен. [[Метиллитиум]]от се адира на сличен начин.
Чистите диалкилмагнезиум реагенси можат да се подготват со алтернативни патишта или со отстранување на магнезиумовиот халид со [[таложење]] (се адира [[диоксан]]).
 
[[СликаПодатотека:grigrear.gif|center]]
 
== Реакции со метална замена ==
 
Алтернативни методи на подготовка на голем број на органометални соединенија е со реакција на размена во која или даден метал се преместува на нова локација или се заменува со нов метал, како [[Бор (хемиски елемент)|B]], [[Алуминиум|Al]], [[Титаниум|Ti]], [[Ванадиум|V]], [[Железо|Fe]], [[Никел|Ni]], [[Бакар|Cu]], [[Молибден|Mo]], [[Рубидиум|Ru]], Pd, Sn, [[Платина|Pt]], [[Жива|Hg]] и [[Олово|Pb]].
 
[[Категорија:Органски соединенија]]
941.847

уредувања