Обоа: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Infobox Instrument |name=Обоа |names= |image=Oboe modern.jpg |image_capt=современа обоа |background=string |classification=дрвени [...
 
с Бот: козметички промени
Ред 15:
'''Обоа''', (скратено Ob.) е дрвен [[дувачки инструмент]] со двојно јазиче од трска, со вообичаена должина од 62 см.<ref>[http://hyperphysics.phy-astr.gsu.edu/hbase/Music/oboe.html Обоа] ([[англиски јазик|анг.]])</ref>
 
== Градба ==
На прв поглед таа е најслична на [[кларинет]]от, но на почетниот дел на цевката се наоѓа едно кратко метално цевче во кое е вденато јазичето, додека проширувањето во вид на инка на крајот на цевката е многу помало отколку кај кларинетот. [[Звук]]от што произлегува од двојното јазиче е по малку назален и остар, како и сразмерно продорен, поради што обоата понекогаш се нарекува и [[труба]] на дрвените музички инструменти. Меѓутоа, овој инструмент може да звучи и нежно и топло, идилично и трогателно, а тоа е и улогата која типично и се доделува во класичната музика. Исто така, типична за неа е и мелодичноста со ориентален призвук (сцената во храмот во [[опера]]та [[Аида]] на [[Ѓузепе Верди]]), поради асоцијациите со сличните инструменти ([[зурла]] и др.).
 
Обоата е мелодиски инструмент и во оркестарот често ги има водечките теми, а нејзиниот јасен, гласен и интонативно прецизен звук се зема и како меродавна интонација за штимање на оркестрите, кога најпрво се слуша обоата според која се штимаат и другите инструменти. Виртуозно-техничките бравури, кои често им доделуваат на [[кларинет]]от и [[флаута]]та, на обоата помалку и одговараат, а нејзиниот опсег е помал.
 
== Историјат ==
Обоата настанала од еден вид средновековен [[шалмај]], кој по [[Европа]] се ширел под влијание на [[Арап]]ите во [[Шпанија]], почнувајќи од VIII век. Напуштањето на наусникот, во кој кај тие инструменти, како во чашка, се сместувало јазичето ја означила големата промена во можноста за пофино нијансирање на звукот и неговата изразност. Во текот на 19. век обоата е усовршена со додавање механизам на лостови и затворачи.
 
== Други видови ==
Обоата се јавува уште во неколку регистерски варијанти и тоа како '''oboa d'amore''' ([[германски јазик|герм.]]: Liebeshoboe, [[француски јазик|фр.]]: hautbois d'amour, [[англиски јазик|анг.]]: oboe d'amore , [[руски јазик|рус.]]: гобой д'амур) сo пишан опсег од b до e<sup>3</sup> (f<sup>3</sup>), и две во послаба употреба: '''сопран обоа''' ([[италијански јазик|итал.]]: oboa soprano, [[германски јазик|герм.]]: piccolo Heckelphon, [[француски јазик|фр.]]: hautbois soprano, [[англиски јазик|анг.]]: oboe soprano, [[руски јазик|рус.]]: малый гобой) со пишан опсег од hes до f<sup>3</sup> (звучи за мала терца пониско) и '''баритон обоа''' ([[италијански јазик|итал.]]: oboa baritono, [[германски јазик|герм.]]: Heckelphon, [[француски јазик|фр.]]: hautbois baritone, [[англиски јазик|анг.]]: oboe baritone, [[руски јазик|рус.]]: баритоновый гобой) со опсег од b до e<sup>3</sup> (звучи за октава пониско). Сепак, од сите регистерски варијанти, најзначајаен е англискиот рог.
 
== Референци ==
{{reflist}}
 
Ред 77:
[[simple:Oboe]]
[[sk:Hoboj]]
[[sr:Обоа]]
[[sl:Oboa]]
[[sr:Обоа]]
[[sv:Oboe]]
[[ta:ஓபோ]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Обоа