Нумизматички музеј на Народна банка на Република Македонија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
с Бот: козметички промени
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
'''Нумизматичкиот музеј на Народна банка''' се наоѓа во зградата на [[Народна банка на Република Македонија]]. Следејки ги светските трендови во врска со улогата која ја имаат централните банки во грижата за сопственото [[културното наследство]] во 1999 год. НБРМ меѓу своите функции приклучи уште една, откуп на стари и ретки [[пари]] од тлото на Македонија. Влегувајќи во ова поле на музејска дејност, НБРМ денес претставува еден од столбовите во заштитата на движното културно наследство, при што покрај професионалниот третман на нумизматичкиот материал, направен е обид да се спречи одлевање на истиот надвор од територијата на Македонија.
 
Збирката денес брои околу 17 000 примероци на [[монета|монети]], медаљи, ексагии и модерни банкноти што е резултат на систематски откуп и донации, и со оваа бројка таа прерасна во најголема јавна [[нумизматичка збирка]] во Р. Македонија.
 
 
== Поделба на збирката ==
Самата збирка е поделена на повеќе целини:
 
Ред 20:
Нумизматичкиот музеј на Народна банка има воспоставено комплетна музејска дејност со цел збирката да биде соодветно збогатувана, проучувана, јавно презентирана и заштитена. Во согласност со вообичаената пракса за монетите во збирката се води музејска документација, [[конзервација]] и научно истражувачка работа.
 
== Нумизматички поставки ==
 
Во зградата на НБРМ постојат две музејски поставки: [[камерна поставка]], која е со помал обем и се наоѓа во просториите на Кабинетот на гувернерот на НБРМ, и постојаната музејска поставка, која е сместена во приземјето на банката.
 
Камерната поставка е отворена на 26 јули 1999 година. Изложбата е реализирана во соработка со [[Музеј на Македонија - Археолошки, Етнолошки и Историски|Музеј на Македонија]] и [[Нумизматичкото друштво "Пајонон"]], насловена "Нумизматичка збирка на Народна банка на Република Македонија". Во рамките на истата се изложени 235 монети, хронолошки распоредени во шест витрини, и публикувани во пропратниот каталог. Во декември 2002 година оваа поставка е редизајнирана и дополнета со нов нумизматички материјал.
 
 
Ред 37:
* Современи јубилејни монети
 
На 25 април 2002 година, по повод десетгодишнината од монетарното осамостојување на Република Македонија, во просториите на НБРМ беше отворена нејзината постојана нумизматичката поставка насловена "Македонија, парите и историјата", пропратена со соодветен каталог на изложените примероци. На оваа поставка даден е хронолошки преглед на монетарната историја, почнувајќи од најстарите монети емитувани кои крајот на VI и почеток на V век пр. н.е. па се до емисиите на парите кои денес се во оптек во Р. Македонија.
Во простор од 240 м2 се изложени околу 1000 монети кои се распоредени во 31 витрина. Витрините се осветлени со над 200 светлечки тела, а за да се задржи постојана температура покрај тоа што самата просторија е климатизирана и секоја витрина има вграден систем за ладење кој е неопходен за да се заштити материјалот од корозија.
Постојанта поставка е отворена за јавност и претставува достоен презентер на културата и историјата на Р. Македонија.
 
== Надворешни врски ==
* [http://www.nbrm.gov.mk Официјална веб страна на НБРМ]
* [http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DE48D26FA86DE84CB02E4312E68B56A8 Нумизматички музеј на НБРМ]
 
[[Категорија:Македонски музеи]]