Нередска Планина: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
с Бот: козметички промени
Ред 4:
Планината има изобилство од високотревни [[пасишта]], а во подножјето се застапени [[листопадна шума|листопадни шуми]] ([[бука]], [[даб]], [[костен]] идр.) додека кон врвовите се застапени [[зимзелена шума|зимзелените шуми]].
 
== Историја ==
 
На падините на Нередската Планина се одвивале голем број историски настани од кои најпознати се битките за време на [[Грчка граѓанска војна|Граѓанската војна во Грција (1945-1949)]]. Како доста тешко пристапен терен Нередската Планина долго време служела како упориште на КПГ,[[ДАГ]] и [[НОФ]] и била слободна територија, пред се и поради помошта на селаните околните села кои биле целосно населени со [[Македонци]]. Во почетокот на воените дејствија на Нередската Планина се стационирале голем број на војници на демократските сили, а тука биле одржани и неколку пленуми и советувања на КПГ. Кон крајот на војната на врвот [[Вич]] се одиграла една од најголемите и најкрвавите битки за време на Граѓанската војна во Грција.
 
== Население и населени места ==
 
Од двете страни на падините на Нередска Планина се сместени повеќе села од кои најпознати се [[Неред]] (грч. Полипотамон), [[Ерменско]] (грч. Алона) (на источната страна), [[Вишени]] (грч. Висинеа) (на западната страна) и др. Етничкиот состав на селата е драстично променет особено по завршетокот на Граѓанската војна, кога грчките монархо-фашистички сили поради бесот заради помошта што им ја даде локалното [[Македонци|македонско население]] на КПГ, ДАГ и демократските сили врз него изврши масовни ѕверски убиства, протерувања и етнички чистења. Денес населението на овие села главно го сочинуваат [[Грци]] и [[Власи]], а во мал дел се останати и [[Македонци]].