Невронаука: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: козметички промени
Ред 2:
{{Внимание}}
 
Науката за нервниот систем претставува научното проучување на невниот систем. Традиционално, науката за нервниот систем е гранка на биологијата.Меѓутоа таа во моментов е интердисциплинарна наука која вклучува други дисциплини како што се когнитивна- и невропсихологија, компјутерски науки, статистика, физика, филозофија и медицина. Како резултат на тоа, се проширува полето на примената на науката за нервниот систем со вклучување на различни пристапи кои ги изучуваат молекуларните, развојните, структурните, функционалните, еволутивните, квантитативните и медицинските аспекти на нервниот систем. Техниките што се користат од невронаучниците се доста проширени од биофизичкото и молекуларното учење на поединечните нервни клетки, до претставување на перцептивните моторни задачи во мозокот. Неодамнешните теоретски напреднувања во науката за нервниот систем се употребуваат за користење на компјутерско моделирање на нервните мрежи. Терминот невробиологија обично може да се замени со терминот наука за нервниот систем, каде што претходниот се однесува на биолгијата на нервниот систем, а додека пак вториот се однесува на целата наука на нервниот систем. Со оглед на зголемениот број научници кои што го изучуваат нервниот систем, формирани се неколку важни организации за оваа наука, за обезбедување на форум на сите невронаучници и подучувачи. На пример, Меѓународната организација за мозочно испитување беше основана во 1960 -та, Европската заедница за механизмите на мозокот и однесувањето основана во 1968г, и Заедница за наука на нервниот систем во 1969г.
 
== Историја ==
 
Проучувањето на нервниот систем поттекнува уште од Стар Египет. Начинот трепанција, кој претставува хируршка пракса на дупчење или отворање на дупка во черепот со цел да се спречи главоболката, менталните пореметувања или ослободување на черепниот притисок, се вршела врз пациентите и датира уште од времето на неолитот и е пронајдена во повеќе култури ширум светот. Ракописите датираат од 1700 п.н.е. и укажуваат на тоа дека Египќаните имале познавања за симптомите на оштетувања во мозокот. Првите увиди за функцијата на мозокот се сметаат дека се видови од „черепни кутии“. Во Египет од доцното Средно Кралство па наваму, мозокот редовно бил префрлан за подготовка на мумификација. Тогаш се верувало дека срцето претставува место на интелегенција. Според Херодот, за време на првиот чекор на мумифицирање: „ Најсовршената пракса е да се извлече со железна јадица што е можно повеќе од мозокот, а она што јадицата нема да може да го достигне е измешано со лекови.“
Гледиштето дека срцето е извор на свеста не се разгледуваше сè до времето на Хипократ. Тој мислеше дека во мозокот не само што вклучено чувството, како и повеќе специфични органи ( очи, уши, јазик), кои што се во главата во близина на мозокот, туку исто така дека претставува место за интелегенција. Меѓутоа, Аристотел сметаше дека срцето е центар за интелегенција, а дека мозокот служи за да ја излади крвта. Ова гледиште беше општоприфатено сè до римскиот лекар Гален, следбеник на Хипократ и лекар на римските гладијатори, кој што забележал дека неговите пациенти ги загубиле своите ментални способности со оштетувањето на нивните мозоци.
Ал- Андалус, Абулакис, таткото на модерната хирургија, развил материјални и технички дизајни, кои што сè уште се користат во неврохирургијата. Аверос ја открил Паркинсовата болест и предлага фотопримателни својства на ретината( мрежницата). Авензоар го опишал манингитисот, меѓучерепен тромбофлембитис(воспаление на вените), медијастинален тумор, и направил придонеси за модерната неврофармакологија. Мајмонид пишувал за невропсихијатриските поретметувања и го објаснил беснилото и труењето од беладона(атропин, див тутун).Исто така во средна Европа, Весалиј (1514-1564) и Рене Декарт (1596-1650) направиле доста придонеси за науката за нервниот систем. Проучувањето на мозокот стана пософистицирано по откривањето на микроскопот и развивањето на постапката на боење на Камило Гољи за време на доцната 1890 каде што тој користел сол- сребрен хромат за да може да открие сложени структури на поединечни неврони. Неговата техника ја искористи Сантијаго Рамон и Кајал и водеше до формирањето на невронска доктрина, со хипотезата дека функционалната единка на мозокот е невронот. Гољи и Рамон и Кајал ја споделија Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1906г. за нивните обемни набљудувања, описи и категоризации на невроните во мозокот. Хипотезите за невронската доктрина беа поддржани со експерименти следени од пионерската работа на Галвани за раздразливоста на мускулите и невроните. Во доцниот 19 ти век Дубојс –Рејмонд, Мулер и фон Хелмхолтц покажале дека невроните се раздразливи и дека нивната активност предвидливо влијае на електричната фаза на соседниот неврон.
Наспроти ова испитување, работењето на Пол Брока со пациенти со оштетен мозок, предлага дека одредени делови во мозокот се одговорни за одредени функции. Во времето на Брока наодите се согледуваат како потврдување на теоријата на Франц Џосеф Гал дека јазикот и одредени психолошки функции се сместени во кората на мозокот. Сместувањето на хипотезата за функцијата е остварено со испитување на пациенти болни од епилепсија од страна на Џон Хуглингс Џексон кој што правилно ја извел организацијата на моторната кора со набљудување на прогресијата што настанува со нападите на телото. Верник понатаму ја развивал теоријата за специјализација на посебни структури на мозокот за јазично разбирање и продукција. Модерните испитувања сè уште ги користат цитоархитектонски (се однесува на изучувањето на градбата на клетката) анатомските дефиниции на Бродман од оваа епоха за да можат понатаму да покажат дека различни делови од кората на мозокот дејтвуваат со извршување на различни задачи.
Основи на модерната наука за нервниот систем
Научното изучување на нервниот систем подлежи на значителен пораст во втората половина на 20- от век, посебно за време на настанувањата на молекуларната биологија, електрофизиологија, и квантитативната невронаука. Во повеќе детали, комплексниот процес што го остварува еден неврон станува сè појасен. Меѓутоа, сè уште не се знае како мрежата од неврони продуцира интелектуално однесување, разпознавање, емоција,психолошка обврска.
„Задачата на науката за нервите е да го објасни однесувањето на активностите на мозокот. Како мозокот ги средува милионите индивидуални нервни клетки за да продуцираат однесување и како овие клетки се под влијание на околината ....? Последното соочување на биолошките науки - нивниот последен предизвик- е да ги разберат биолошките основи на свеста и менталните процеси со кои ние перцепираме, делуваме, учиме и памтиме.- Ерик Кандел, Основите на Науката за нервите,четврто издание.
 
Нервниот систем е составен од мрежа на неврони и други поддржувачки клетки (какви што се глиалните). Невронската форма составена од функционални кола, секоја е одговорна за одредена задача за однесувањето на организмот. Така, науката за нервниот систем може да се изучува на многу различни нивоа, почнувајќи од молекуларно ниво до клеточно ниво, од системско ниво до когнитивно ниво.
На молекуларно ниво, главните прашања наменети во молекуларната наука за нервниот систем ги вклучува механизмите со кои невроните ги изразуваат и им одговараат на молекуларните сигнали, и како формата на нервните влакна е сложена шема за поврзување. На ова ниво, инструментите од молекуларната биологија и генетиката се користат за да можеме да откриеме како невроните се развиваат и умираат, и како генетските промени влијаат врз биолошките функции. Морфолгијата, молекуларниот идентитет и физиолошките карактеристики на невроните, а од посебен интерес е и тоа како тие се однесуваат на различни видови на однесување. ( Начините со кои невроните и нивните врски се изменуваат со искуството се однесуваат на физиолошкото и когнитивното ниво.)
 
На клеточно ниво, основните прашања кои што се однесуваат на клеточната наука за нервниот систем се механизмите на процесот на невроните како се сигнализира физиолошки и електрохемиски. Тие упатуваат како сигналите се обработени преку дендритите, сомасот (перикарион) и нервното влакно, и како невротрансмитерите и електричните сигнали се користат за обработување на сигналите во невронот. Друга главна област во науката за нервниот систем се однесува на истражувањата за развивањето на нервниот систем. Овие прашања на нервниот развој ги вклучуваат начините и регионализацијата на нервниот систем, нервните матични клетки, диференцирањето на невроните и глијалната клетка, невронска миграција, развивање на дендритите и нервните влакна, трофични интеракции, и создавање на синапс.
На системско ниво, прашањата посочени за системите на науката за нервниот систем вклучуваат тоа како колата се формираат и се користат анатомски или физиолошки за да ги оставруваат физиолошките функции, како што се: рефлексите, сетилните спојувања, моторната координација, ритамот циркадијан, емоционалните одговори, учењето и меморијата. Со други зборови, тие покажуваат како овие нервни кола функционираат и како се генерираат механизмите со однесувањата. На пример, анализите на системското ниво укажуваат на прашањата што се однесуваат за посебни моторни и сетилни модалитети: Како функционира визијата? Како птиците песници учат нови песни, и лилјаците се лоцираат со ултразвук? Како телесно-сетилниот систем тактилно ги остварува информациите? Особено поврзаноста со невроетологијата, ги одредува сложените прашања за тоа како нервните супстрати (слоеви) лежат во основата на посебните однесувања на животните.
 
На когнитивно ниво, когнитивната наука за нервниот систем ги објаснува прашањата како со нервните кола се продуцираат психолошкките/ когнитивните функции. Појавувањето од нови ефикасни мерни техники како што се нервните слики (ФМРИ, ПЕТ, СПЕЦТ), електрофизиологија и анализа на човечката генетика измешана со експериментални техники од когнитивната психологија им овозможува на невронаучниците и психолозите да одговараат на апстрактни прашања како што се: како човечката способност за спознавање и емоција се отсликуваат во посебни нервни кола.
Ред 27:
 
 
Неврологијата, психијатријата и невропатологијата се медицински специјалности кои попрецизно ги одредуваат болестите на нервниот систем. Овие специјалности исто така се однесуваат и на клиничките дисциплини вклучувајќи ги дијагнозата и третманот на овие болести. Неврологијата ги проучува болестите на централниот и периферниот нервен систем како што се амиотрофична латерална склероза (АЛС) и мозочен удар, додека психијатријата се фокусира на пореметувањето во однесувањето, распознавањето и чувствата. Невропатолгијата покрај тоа што ги проучува класифицирањето и подредувањето на патогенетскиот механизам на централниот и периферниот нервен систем и мускулните заболувања, посебно се фокусира на морфолшките, микроскопските и хемиските промени. Границите помеѓу овие специјалности избледе неодамна, и сега тие се под влијание на оснвните испитувања на науката за нервниот систем.
Интегративната наука на нервниот систем остварува врски со овие специјализирани области.
 
 
Ред 118:
== Јавна едукација и достигнување ==
 
Изучувањето на науката на нервниот систем ги ангажира учениците од градинките преку колеџот за студирање на науката за нервниот систем и обезбедува тренинг на дипломираните студенти и пост- дипломските следбеници. Истражувањата на оваа област ги тестираат хипотезата кои се однесуваат на најдобрите пракси во предавањето и учењето на концептите на науката за нервниот систем, и можат да бидат финансирани од механизмите Р01 и Р25 од Националниот институт за здравство (НИХ), главните дозволи од НСФ, и други федерални и приватни механизми што се доделуваат. Писменоста на науката за нервниот систем вклучува напори за проширување на знаењето и свеста за нервниот систем и однесувањето на јавноста, како и јавните службеници, политичари, пратеници. Главните светски достигнувања како на изучувањето на науката за нервниот систем и писменоста за науката за нервниот систем вклучувајќи ја Недела за стручната свест спонзорирана од Друштвото за наука за нервниот систем и Дана алијанса за експертска иницијатива,така и на Меѓународната стручна средба која што е конкуренција на академијата.Главните концепти на науката за нервниот систем за К-12 наставници и студенти се остварени од членови на комитетот за јавна едукација и комуникација на Друштвото на науката за нервниот систем. Стручните факти за преземениот основ на анатомијата и функцијата на човековиот мозок, моментално се преведени на шпански и на други светски јазици.
 
[[Категорија:Нервен систем]]