Музеј на современата уметност (Скопје): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
с Бот: козметички промени
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
[[Музеј]]от на современата [[Уметност|уметност]] (МСУ) во [[Скопје]] е најкомпетентна и највлијателна институција во [[Република Македонија]] во откривањето, негувањето и ширењето на високите вредности што се создаваат во [[Уметност|уметноста]] и [[Култура|културата]] на нашето [[Време|време]].
 
Тој располага со драгоцена меѓународна [[Колекција|колекција]] и дава репрезентативен увид во македонската современа [[Уметност|уметност]]. Покрај колекцијата, Музејот во своите простори организира и претставува врвни [[Изложба|изложби]] и [[Манифестација|манифестации]] на македонската и странска уметност, разговори со [[Уметник|уметници]], [[Трибина|трибини]], филмски и видео проекции, [[Предавање|предавања]] и разни други пропратни активности.
 
== Историја ==
 
На [[26]] [[Jули|јули]] [[1963]], рано наутро во 5.17, катастрофален [[Земјотрес|земјотрес]] го разруши заспаното [[Скопје]]. Сликите и вестите од оваа катаклизма, во која загинаа повеќе од [[1000]] луѓе, се најдоа на првите страници од светските медиуми. Потребата за мобилизација во надминувањето на уништувачките последици беше огромна и со планетарни димензии...
 
== Првите донации ==
 
Светската [[Заедница|заедница]] покажа извонредно широка [[Солидарност|солидарност]] со која ја помогна обновата на [[Скопје]]. Како значаен дел од оваа солидарност беше и акцијата покрената од страна на Меѓународното здружение на пластичните уметности, кое на својот [[Конгрес|конгрес]] одржан во [[Октомври|октомври]] [[1963]] во [[Њујорк]], упати повик до уметниците во светот да помогнат во создавањето колекција на уметнички дела со која ќе ја поттикнат визијата за обновата на [[Град|градот]].
 
== Новата зграда ==
Прекрасно вклопена во конфигурацијата на [[Скопско кале|Скопското Кале]] и опкружена со панорамата на градот, зградата на МСУ, подигната во [[1970]] година, е извонреден пример на [[Архитектура|архитектурата]] на доцниот [[Модернизам|модернизам]] и [[Симбол|симбол]] на после земјотресната обнова на [[Скопје]]. [[Проект]]от за [[Зграда|зградата]] е донација на [[Полска|полската]] [[Влада]], којашто за таа цел распиша национален конкурс на кој беше прифатено заедничкото дело на полските архитекти Ј. Мокшински, Е. Вјежбицки и В. Клишевски. Зафаќајќи вкупна површина од [[5000]] квадратни [[Метар|метри]], зградата на МСУ ја сочинуваат [[Три|три]] поврзани [[Крило|крила]] во кои се распоредени салите за повремени изложби, просторот за постојаната поставка, салата за предавања, филмски и видео проекции, [[Библиотека|библиотека]] и [[Архива|архива]], [[Администрација|администрацијата]], конзерваторската [[Работилница|работилница]], [[Депо|депоата]] и други помошни служби. Големите парковски површини, кои овозможуваат инсталирање на разни скулпторски проекти, како и пространиот паркинг ја дополнуваат непосредната околина на Музејот на современа уметност.
 
== 900 Изложби ==
 
Покрај колекцијата, МСУ организира и претставува домашни и меѓународни изложбени проекти од областа на уметноста, фотографијата и архитектурата. Тој е единствена институција во Македонија којашто континуирано цобира и обработува комплетна документација за македонската уметност. Тој исто така е единствена институција каде што се прикажуваат историски релевантни филмски дела, но и посебно конципирани авторски или национални програми од рецентната филмска продукција. Значаен дел во дејствувањето на МСУ завземаат и видео програмите, перформансите, предавањата, трибините, семинарите и разни други придружни активности. Екстензијата во специфичните едукативни активности имаат за цел да ја приближат уметноста до што поголем број заинтересирана публика. Кон овие намери се придружува исто така и се пораширената издавачка дејност на МСУ со посебни филмски, едукативни и критичко-теориски изданија, како и издавањето на “Големото стакло”, единственото списание во Македонија посветено на визуелните уметности.
== Постојани изложби ==
 
Музејот денес располага со богата меѓународна и репрезентативна национална колекција од вкупно 4630 експонати кои постојано се дополнуваат со нови подароци и донации од реномирани уметници, а добиени во директен контакт со авторите и сопствениците или по повод реализацијата на одделни изложбени проекти.
 
== Организација на МСУ Скопје ==
Со музејот раководи [[Директор|директор]], а во одделенијата има од еден до пет [[Кустос|кустоси]]. Покрај основната музејска активност што е во ингеренции на Одделот за збирки и депоа, функционирањето и на другите оддели е мошне важно во надополнувањето и реализацијата на програмата. Тоа се:
 
* Оддел - колекција и изложби
* Оддел - истражувања и документација
* Оддел - образование
* Оддел за конзервација и реставрација и дизајн
 
== Надворешни врски ==
* [http://www.msuskopje.org.mk/ Музеј на современа уметност Скопје]
 
[[Категорија:Уметност]]