Монитор: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Менува: tr:Bilgisayar monitörü
с Бот: козметички промени
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
[[СликаПодатотека:Computer_Display.svg|thumb|right|200px| Изглед на монитор]]
 
 
'''Монитор''' или дисплеј е уред кој визуелно ги прикажува сликите кои ги генерира графичката картичка или друг уред со излезна видео порта. Ерата на мониторите покрај постојаните усовршувања воглавно ја означуваат две технологии и тоа првата и постара метода а тоа е со катодна цевка. Таа технологија се одликува со екрани кои зафаќаат поголема површина и имаат заоблен екран. Втората и најнова технологија е монитори кои се прилично слаби и со рамен екран и користат технологија на течен кристал.
 
== Димензии и облик на екранот ==
 
Големината на мониторот обично се изразува со должината на дијагоналата на неговиот екран. Меѓутоа проблемот на ова изразување е што не знаеме дали екранот е во квадратна форма или има некоја правоаголна форма односно има широк екран(widescreen). Во последно време покрај должината на дијагоналата е даден и односот на страните доколку тој е правоаголен(на пр. 4:3 или 16:9). Понова практика се мониторите со широк екран поради нивната погодност за гледање филмови и други видео содржини.
 
== Технологии на прикажување на сликата ==
=== Екрани со течни кристали (LCD) ===
 
[[СликаПодатотека:LCD_MAG.jpg|thumb|right|100px| Изглед на LCD монитор ]]
 
Обичните [[LCD Монитори]] своевремено беа еден од најдобрите пронајдоци на ова поле, меѓутоа во денешно време најчесто се користи нивната подобрена верзија - [[TFT Мониторите]], поради подобрениот контраст, побрзото реагирање на промени и отстранување на некои дефекти кои се јавуваа кај старите [[LCD Монитори]].
 
=== Екрани со тенок транзистор на база на течни кристали (TFT) ===
 
Овие екрани кои се базираат на течни кристали користат и тенок транзистор даваат многу подобра слика од обичните [[LCD монитори]] и затоа го зазедоа нивното место во масовното производство
Ред 22:
 
 
=== Екрани на катодна цевка ===
 
[[СликаПодатотека:Belinea-monitor19crt.jpg|thumb|right|100px|Изглед на монитор со катодна цевка]]
 
Мониторите на база на катодна цевка се една од најстарите технологии за монитори. Како што и самото име што кажува се состојат од една цевка која на крајот се проширува и завршува со екран кој е обложен со фосфорен материјал. На тесниот крај од цевката се состои електронски пиштол кој испукува сноп од негативно нелектризирани електрони, кој потоа се насочува кон екранот кој е составен од неколку илјади точки(пиксели) и како што рековме тие се обложени со флуоресцентен материјал. Па во зависност од тоа кои точки се погодени тие светат и се добива сликата.
Ред 30:
Да напоменеме дека брзината на добивање на слики за овие монитори е од 50 до 100 слики во секунда. Проблемот кај овие монитори се јавува што ги заморува очите па затоа е потребно висока брзина на освежување на сликата поголема од 72Hz(слики во секунда).
 
=== Плазма екрани ===
 
 
[[СликаПодатотека:Plasma_display.jpg|thumb|right|100px|Изглед на плазма монитор]]
[[Плазма мониторите]] користат технологија со рамен екран, и во денешно време најчесто се користат при правењето на големи [[телевизори]]. Принципот на работа се состои во тоа што меѓу две [[стакла]] е заробена смеса од два [[благородни гасови]] кои што се возбудуваат и создаваат [[плазмa]] која потоа го возбудува фосфорниот материјал со кој е обожен екранот да емитира светлина.
 
=== Пенетрон ===
 
Ова се монитори кои се употребуваат во војската и базирани се на катодна цевка која има екран осетлив на [[напон]], и имаат многу поголема резолуција во зависност од обичните монитори на катодна цевка.
 
== Критериуми за квалитет ==
 
* [[Луминосценција]] - која се мери во [[кандели]] на [[метар]] квадратен (cd/m²)
Ред 49:
* Брзина на вклучување на мониторот - Времето за кое од кога ќе се вклучи екранот се добива сликата мерено во милисекунди (ms).
* Јачина на контрастот - се мери како однос од луминосцентноста на најсветлата боја([[белата]]) и најтемната боја([[црната]]) која што мониторот е во можност да ја произведе.
* Потрошувачка на струја - се мери преку [[моќноста]] на екранот во [[вати]](W)
* Односот на страните на екранот - Обично преку односот на страните се претставува должината и ширината на екранот. На пр. ако имаме екран со однос 4:3 значи ако ширината е 1024 точки(пиксели) должината е 768 точки.
* Агол на видливост - е можноста да се види сликата без никакви нејзини изобличувања и уништувања. Се мери во степени хоризонтално и вертикално
 
== Споредба на технологиите ==
 
=== Монитори со катодна цевка ===
 
'''Предности:'''
Ред 114:
 
 
== Проблеми ==
 
=== Мртви точки(пиксели) ===
 
Овој проблем најчесто се јавува кај [[LCD Мониторите]] кога произведувачите поради пониски цени нудат монитори кај кои некои од точките не работаат. Најчесто тоа се неколку точки и секоја компанија нуди гаранција доколку има над одреден број мртви точки. Тие точки имаат црна боја и најчесто се забележуваат на бела позадина
 
=== Горење на фосфорот ===
 
Овој проблем се јавува кај екраните со катодна цевка кај кои со текот на времето согорува фосфорот и остануваат некои бледи слики дури и текст кога екранот е исклучен.
 
=== Горење на плазмата ===
 
Сличен проблем се јавува и со горењето на плазмата но е многу почест отколку кај мониторите со катодна цевка. "Screen saver"-ите ги ублажуваат овие проблеми.
 
=== Грешка во прикажувањето на боите ===
 
Доколку точките со боите не се наредени прецизно се јавуваат грешки при прикажувањето на боите. Овој проблем се случува кај сите монитори а најмногу кај LCD Екраните.
 
== Монитори на допир ==
 
Мониторите на допир се една од најновите технологии, каде што екранот може да ја детектира површината која што сме ја допреле што го прави мониторот и како излезен уред. Допирањето најчесто се врши со прст или со посебно пенкало. Има повеќе различни технологии за да се утврди местото каде што се врши допирот. Прилично се посложени за изградба, меѓутоа имаат се поголема употреба во технологијата поради нивната практичност. Да не заборавиме дека екранот мора редовно да се чисти од отпечатоците. Бидејќи е нова и сѐ уште неусовршена технологија се јавуваат многу грешки како неправилно отчитување на местото на допир.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Монитор