Мозаик: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: ro:Mozaic
с Бот: козметички промени
Ред 2:
'''Мозаикот''' претставува редење природен [[камен]] или мали, префабрикувани коцки од различен материјал (пр. [[стакло]], [[керамика]]) во разни [[орнамент]]и или [[Слика|слики]]. Овие коцкички, во склад со претходно изработен нацрт, се втиснуваат во се уште свеж малтер, а потоа површината се полира заради израмнување.
 
== Историјат ==
Најстарите мозаици во боја, изработени од глинени топчиња, се пронајдени во [[Вавилон]] и потекнуваат од IV век п.н.е.<ref>[http://www.thejoyofshards.co.uk/history/index.shtml Историја на мозаичната уметност] ([[англиски јазик|анг.]])</ref> Во V век п.н.е. во [[Стара Грција|Грција]] се изработувале мозаици од бели и црни измазнети речни камења. Мозаиците во боја, кои можеле да имитираат [[Илузија|илузионизам]] и светлосни ефекти, се појавуваат во периодот на [[Хеленистички период|хеленизмот]]. Како значајно средство за изразување, мозаиците биле застапени и во [[Римски период|римската]] уметност и тоа пред се, подните мозаици. Мозаиците имале значење и во [[Рано христијанство|ранохристијанската]] и во [[Византија|византиската]] уметност. Со употреба на златни плочки мозаиците добиле нови карактер и пред се се користеле за украсување на [[таван]]ите и [[ѕид]]овите.
 
Со надминувањето на ''Maniera greca'' во периодот на [[треченто]], опаѓа и интересот за мозаиците. Дури т.н. [[југендстил]] донел привремено оживување на интересот.
Ред 9:
Освен во сакралните простори во XX век, уметноста на мозаикот одиграла позначајна улога во [[Социјализам|социјалистичкиот]] [[реализам]] и [[Мурализам|мурализмот]].
 
== Техника на изведба ==
Уште од [[Антика|античкиот]] период познати се два начина на изведба на мозаик:
* ''opus tesselatum'' - составен од камени коцкички (не се секогаш со исти димензии), а меѓу коцкичките е видлив поврзувачкиот материјал (т.н. фуги)
Ред 16:
Освен “обичниот“ мозаик, постои и техника на микромозаик, која е многу посложена, со иста основа, но со многу повеќе впечатливи резултати. Таа е резервирана само за посебно упорните и стрпливи уметници, кои не жалат да изгубат повеќе време за да постигнат што повпечатлив резултат.
 
== Надворешни врски ==
* [http://www.dlum.org.mk/mk/galerija.asp?e=%EC%EE%E7%E0%E8%EA ДЛУМ - галерија на мозаици]
* [http://www.360macedonia.com/macedonia/en/images/vrtour/stobi_mosaics.html Стоби - поден мозаик (360<sup>о</sup>)]
 
== Извори ==
{{reflist}}
 
[[Категорија:Уметност]]
 
[[Категорија:Орнаменти]]
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Мозаик