Мембрански потенцијал: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Бот: козметички промени
Ред 2:
{{Викифицирање}}
Клетките во организмот, кои можат да пренесуваат електрохемиски импулси низ својата мембрана се нарекуваат ексцитабилни клетки. Тоа се посебно однесува на нервните и мускулните влакна. Електрохемиските импулси можат да се пренесуваат и низ мембраната на жлездените клетки, а во исклучителни услови и низ сите клетки во организмот.
== Мембрански потенцијал ==
Неопходен услов во создавање на мембрански потенцијал е поголема концентрација на дифузибилни позитивни јони од едната страна на мембраната отколку од другата страна на мембраната (бидејќи мембраната на сите клетки во организмот е обложена со позитивни и негативни јони кои се во напон). Ако тој услов не е исполнет, ќе дифундираат во обете смера еднаков број на позитивни јони, па создавање на разлика во потенцијалите нема да дојде. Со други зборови, потенцијалот е пропорционален со разликата во тенденцијата на јоните да дифундираат во еден и во друг смер. Таа тенденција е пропорционална на логаритамот на концентрацијата на дифузибилните јони (кај телесна температура од 37 степени целзиусови) во склад со оваа формула:

EMS (во миливолти) = 61*log((koncentracija 1)/(koncentracija 2))

Кога концентрацијата на позитивни јони од десната страна на мембраната е 10 пати поголема од концентрацијата од лева страна, а логаритам со основа 10 од 10 е 1, тогаш разликата во потенцијал е 61 миливолт.
Сумарно може да се каже дека се потребни два услова за настанување на мембрански потенцијал:

1) Мембраната мора да биде семипермеабилна, така да дозволува многу полесна дифузија на јони од еден вид на полнеж низ порите на мембраната отколку на јони со спротивниот полнеж.

2) Концентрацијата на дифузибилни јони од едната страна на мембраната мора да биде поголема од концентрацијата на другата страна на мембраната.
== Електрохемиски импулс ==
Во услов на напонско мирување, мембраната на нервните и мускулните влакна е 20 до 100 пати попермеабилна за калиум отколку за натриум. Меѓутоа, кога е мембраната ексцитирана и долж нејзе се пренесе електрохемиски импулс, таа моментално станува попермеабилна за натриум отколку за калиум. Токму таа брза промена во пермеабилноста на мембраната за обете јони е причина што електрохемискиот импулс се пренесува долж нервните и мусклулните влакна.
== Видете исто така ==
[[Акциски потенцијал]]
== Референци ==
Arthur C. Guyton, M.D, Учебник по медицинска физиологија.