Разлика помеѓу преработките на „Ал Акса интифада“

Додадени 16 бајти ,  пред 10 години
с
Бот: козметички промени
с (Бот Додава: hr:Druga Intifada)
с (Бот: козметички промени)
Бројот на жртви во текот на овој судир од [[2000]] до [[2004]] година се проценува на 3.223 [[Палестинци]] и 950 [[Израелци]]. Овие бројки се критикувани, бидејќи не прават разлика помеѓу убиените војници и убиените цивили.
 
== Вовед во Интифадата ==
 
По потпишувањето на [[Договор од Осло|Договорот од Осло]] и формирањето на [[Палестинска самоуправа|Палестинската самоуправа]], тензиите помеѓу израелската и палестинската страна се намалија, но никогаш не исчезнаа. Двете страни почнаа сè почесто да се обвинуваат за неспроведувањето на Договорот. Под меѓународно покровителство, особено со посредништво на [[САД]], беа спроведени серија преговори на двете страни, но сите завршуваа со неуспех. Последните преговори пред почетоко на Втората интифада се одвиваа во [[Кемп Дејвид]], САД, во јули [[2000]] година. Израелската и палестинската страна беа блиску до договор, но преговорите сепак пропаднаа.
 
== Почеток на интифадата ==
 
Како резултат на пропаднатите преговори, во септември Палестинците извршија неколку напади врз израелски воени и цивилни цели. Масло на огнот беше посетата на [[Ариел Шарон]], тогашен лидер на опозициската партија [[Ликуд]], на [[Храм на ридот|Храмот на ридот]] и џамиите [[Ал Акса]] во [[Ерусалим]] на [[28 септември]], посета што критичарите ја сметаат за намерна провокација на Шарон со цел да ги предизвика Палестинците. Веќе следниот ден се случија масовни демонстрации на Палестинците во Ерусалим, при што беа убиени неколкумина демонстранти. Демонстрациите се проширија и на Западниот брег и во Газа, а во октомври почнаа насилни демонстрации и [[израелски Арапи|израелските Арапи]] во самиот Израел.
 
== Ескалација на интифадата ==
 
Како одговор на демонстрациите, Израел изведе одмазднички воздушни напади врз Палестинската самоуправа. [[Хамас]], [[Исламски џихад]] и [[Бригади на Ал Акса|Бригадите на Ал Акса]] започнуваат со самоубиствени напади врз израелски цели. Особено крвав е нападот на Хамас од [[1 јуни]] [[2001]] година во [[Тел Авив]] кога загинува 21 Израелец, главно студенти. На [[27 август]] израелската војска го убива [[Абу Али Мустафа]], генерален секретар на [[Народен фронт за ослободување на Палестина|Народниот фронт за ослободување на Палестина]], по што, во знак на одмазда, Народниот фронт на [[17 октомври]] [[2001]] година извршува атентат врз [[Рехавам Зееви]], израелски десничарски политичар и министер за туризам.
На палестинските парламентарни избори од јануари [[2006]] година победа извојува Хамас. Поради продолжените израелски напади на [[9 јуни]] Хамас изјавува дека го прекинува примирјето што го прогласи во 2005 година. На [[25 јуни]] палестински милитанти напаѓаат израелски воен објект при што убиваат двајца војници, а еден заробуваат. Тоа за израелските трупи е повод на [[28 јуни]] да започнат нова голема офанзива врз Појасот Газа. Оваа операција со избувнувањето на [[Израелско-либанска војна од 2006 година|Израелско-либанската војна]] израелските сили ја ставаат во втор план, за во есента 2006 година повторно да започнат со напади врз Појасот Газа. При најсериозниот од есенските инциденти, на [[8 ноември]] при бомбардирање на [[Бејт Ханун]], израелската војска уби најмалку 19 цивили, вклучувајќи жени и деца.
 
== Надворешни врски ==
* [http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=2980 Застрелан израелски министер]
* [http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=23203 Најмалку 20 Евреи настрадаа во напад на палестински бомбаш]
* [http://217.16.70.245/?pBroj=1429&stID=10894&pR=4 Израелците го убија лидерот на Хамас, шеикот Јасин]
* [http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=31223 Убиен лидерот на Хамас]
* [http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=42680 Израел и Палестинците прогласија примирје]
* [http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=50346 Заврши евакуацијата на израелските населби во Газа]
* [http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=57490 Палестина: Убедлива победа на „Хамас“]
* [http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=120&ArticleID=4815 Израелците испотепаа цивили, Палестинците збеснаа]
 
[[Категорија:Историја на Палестина]]
941.847

уредувања