Разлика помеѓу преработките на „А. ден Долард“

Додадени 7 бајти ,  пред 11 година
с
Бот: козметички промени
с
с (Бот: козметички промени)
А. ден Долард во Македонија нашол инспирација и за романот „[[Ориент експрес]]“ (''Oriënt-Express'').
 
== Романот „Свадбата на седумте Цигани“ ==
Романот „Свадбата на седумте Цигани“ е единствената книга од А. ден Долард, која е преведена на македонски јазик и по која овој автор е познат во Македонија уште пред книгата да биде преведена. Во суштина, оваа книга претставува љубовна приказна меѓу младата охриѓанка Душка и белосветскиот скитник и женкар, фотографот Бранко, кој по многу години успева да ја најде вистинската жена на својот живот.
 
'''„Оваа приказна со среќен завршеток А. ден Долард ја има пишувано во период од 6 години. Првите редови ги испишал во Скопје, во март 1933 година. Потоа, делото го продолжува на релацијата Белград - Охрид, во август и септември 1938, за конечната форма да ја даде во Холандија, во почетокот на 1939 година. Книгата е објавена во предвечерјето на Втората светска војна, во едно многу тешко и несреќно време, кога животот во Охрид е далеку од романтиката. Наспроти тоа, авторот го одбрал најубавото што можело да се најде, и така успеал да создаде една многу романтична приказна. Не заборавајќи притоа да уфрли делче од историјата, природните убавини и културното наследство присобрани од бреговите на Охридското Езеро. Како роден Холанѓанец, А. ден Долард знаел што му недостига и по што копнее холандскиот човек. Затоа, не случајно, знаел каде да ја смести приказната за Бранко и Душка: меѓу планините што го опкружуваат синилото на езерото, покрај ѕидовите на многувековните манастири и тврдини.“<ref>Мишо Јузмески: „Пофални слова“, Благоевград 2006 </ref> '''</blockquote>
 
== Споменик на А. ден Долард во Охрид ==
[[Податотека:Dendoolaardohrid.JPG|мини|десно|250п|Споменикот на А. ден Долард во Охрид]]
На 29 мај 2006 година, во Охрид е откриен споменик во чест на А. ден Долард. Споменикот е дизајниран од македонскиот архитект Владимир Таиќ, според идејата на шефот на Холандско-македонската стопанска комора во Македонија, [[Петер Џон Босе]]. На откривањето на споменикот во Охрид присуствуваа потомците на А. ден Долард.
А. ден Долард и неговиот роман „Свадбата на седумте Цигани“ во Македонија имаат бројни почитувачи. Самиот автор при своите чести посети на Македонија има воспоставено бројни пријателски врски, посебно со охриѓани чиј град бил и најчестата цел на неговите посети. Во Охрид и денес меѓу постарите жители често се зборува за средбите со холандскиот писател.
 
* Писателот и истражувач Мишо Јузмески има објавено две статии во кои ги обработува ликот и делото на холандскиот писател:
 
<blockquote>
</blockquote>
 
* Во 2006 година беше издаден и македонскиот превод на „Свадбата на седумте Цигани“, под наслов „Свадба во Охрид“. <ref>А.ден Долард: „Свадба во Охрид“ Охрид 2006</ref>
 
== Објавени книги ==
* 1926 - De verliefde betonwerker (gedichten)
* 1928 - De wilde vaart (gedichten)
 
{{DEFAULTSORT:ден Долард, А.}}
 
[[категоријаКатегорија:Холанѓани]]
[[Категорија:Холандски писатели]]
[[Категорија:Охрид]]
941.847

уредувања