Масакр кај Љуботенски Бачила: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот додава Шаблон: Без извори
с Бот: козметички промени
Ред 16:
Во неделата, [[12 август (настани)|12 август]], околу 8 часот наутро, почнува нападот врз селото изведен од полициската единица што ја командува Тарчуловски. Нападот е поддржан од армиските единици на Третиот баталјон, кои го [[гранатирање|гранатираат]] селото со расположивите артилериски орудија. Во тој момент во [[Љуботен (Скопско)|Љуботен]] се наоѓаат меѓу 10 и 15 лесновооружени припадници на [[ОНА]]. Полициската акција за чистење на селото трае околу 6 часа и во неа гинат шест жители на селото, а околу 14 куќи се запалени. Од гранатирањето се уништени уште седум куќи. Во меѓувреме, околу 11 часот, единиците на [[ОНА]] од местото [[Бел Камен]], кое се наоѓа на околу 4 km од селото, отвораат минофрлачки оган врз армиските позиции за да го заштитат повлекувањето на нивните борци од селото. Истовремено контингент со околу 60 припадници на [[ОНА]], преку [[Никуштак]], доаѓа пред [[Љуботен (Скопско)|Љуботен]] и се обидува да ги заобиколи армиските позиции и да влезе во селото. Меѓутоа тие се пресретнати од армиските единици и нападнати кај месноста [[Раштански Поток]] и потоа се повлекуваат. Околу 17 часот сите акции се запрени.
 
''[[Случајот Љуботенски бачила]]'' не е сосема расветлен. Освен шпекулациите дека поставувач на мината е групата на [[Џавид Асани]], командант во [[ОНА]], не е утврдено кој ја направил заседата. Асани моментално е во затвор во [[Косово]] поради друго кривично дело.
 
[[Категорија:Република Македонија, вооружен конфликт 2001]]