Разлика помеѓу преработките на „Љубиша Георгиевски“

с
Бот: козметички промени
с (Бот додава Шаблон: Без извори)
с (Бот: козметички промени)
{{Без извори|датум=октомври 2009}}
[[СликаПодатотека:Ljubisa_Georgievski.jpg|right|thumb|200px|Љубиша Георгиевски]]
 
'''Љубиша Георгиевски''' (роден на [[30 мај]] [[1937]] година во [[Битола]]) е театарски и филмски режисер, драмски писател и есеист, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра на [[Факултет за драмски уметности|Факултетот за драмски уметности]] во [[Скопје]]. Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија, група „Театар и радио режија”, во [[Белград]], [[1974]]. Љубиша Георгиевски е тековен претседател на [[Собрание на Република Македонија|Собранието на Република Македонија]].
 
== Кариера ==
Како театарски режисер, има поставено преку 160 постановки во Република Македонија, [[Србија]], [[Хрватска]], [[Босна и Херцеговина]], [[Словенија]], [[Бугарија]], [[Романија]], [[Полска]] и други држави, како и четири постановки во [[САД]], каде на универзитетите во Јужна [[Калифорнија]] и [[Тексас]] предавал теорија на театарот и актерска игра. Неговите претстави се играат на повеќе од десет јазици и истите гостувале ширум [[Европа]], од кои позначајни гостувања се во [[Москва]] и [[Виена]].
 
Досега има објавено десеттина книги. Како филмски режисер има режирано четири филма. Како новинар има напишано преку двесте авторски колони во „Дневник”.
 
== Награди ==
Добитник е на повеќе од дваесетина награди во рамките на поранешна [[СФРЈ|Југославија]], како и наградата од критиката за претставата „Искушение” од [[Вацлав Хавел]] во [[Theater Center]] како најдобра престава на театарската сезона. Неговите пиеси „Црна” и „Јованка Орлеанска” се играни со успех, а некои од нив сè уште се на репертоарот.
 
== Политичка кариера ==
На [[македонски претседателски избори, 1994|претседателските избори во 1994 година]] Георгиевски бил претседателски кандидат на [[ВМРО-ДПМНЕ]]. Од [[2000]] до [[2004]] бил вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во [[Бугарија|Република Бугарија]].
 
 
{{DEFAULTSORT:Георгиевски, Љубиша}}
 
[[Категорија:Претседатели на Собранието на Република Македонија]]
[[Категорија:Македонски политичари]]
941.847

уредувања