Јосиф Михајловиќ - Јурукоски: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Брзо додавање категорија Тресонче (со користење на HotCat)
с Бот: козметички промени
Ред 2:
'''Јосиф Михајлович - Јурукоски''' ([[1887]] - [[1941]]) е еден од позначајните [[Тресонче|тресончани]] кои живееле во периодот меѓу двете светски војни е Јосиф Михајловиќ, прв градоначалник на [[Скопје]] и творец на најкапиталните архитектонски објекти во градот кои и денеска се дел од секојдневието на скопјани. Живеел само 54 години.
 
== Дела ==
Ретко кој се запрашал кој бил градоначалник на Скопје кога се изградил градскиот водовод од изворот "Рашче" кај селото [[Радуша]], кога се подигнала хидроцентралата "Матка" на реката Треска, зградата на [[Собрание на Република Македонија|Собранието на Република Македонија]], старата железничка станица во центарот на Скопје (урната во земјотресот во 1963 година), "Зеленото пазарче" до зградата на Парламентот, Офицерскиот дом (разрушен во земјотресот), старата зграда на [[Народна Банка на Македонија|Народната Банка на Македонија]] (исто така разурната во земјотресот), градскиот парк и зоолошката градина. Негови дела исто така се: урбанистичкиот план на градот, проширувањето на електричната мрежа и канализацискиот систем на целата територија на [[Скопје]], машката гимназија "Кирил и Методиј" и женската гимназија "Кралица Марија", ја обновил опожарената библиотека на Иса бег каде се наоѓала и книгата на најславниот лекар Хипокрит на арапски јазик, што на латински се превела дури во 16 век на запад. Неговиот мандат траел седум и пол години
 
Освен овие дела, за време на неговиот мандат биле изградени дваесетина училишта, над 280 километри градски улици, воените скривници, проширена била градската болница, изградена нова градска кланица, изградени над 20 сообраќајни крстосници кои и денеска се користат, надвозници, мостови, пристапни и излезни патишта, неколку тениски и две фудбалски игралишта и детското одморалиште "Горно Водно". Бил дел од тимот кој ја проектирал зградата на Академијата на науките и уметностите на Србија и на градската палата на градот Белград.
Ред 9:
Со сите овие реализирани проекти тресончанецот Јосиф успеал [[Скопје]] да го претвори од обична турска касаба во модерен европски град. И денеска некои негови дела стојат построени низ скопска котлина како потсетник на дела какви никој пред него и потоа не успеал да направи за столицата на [[Република Македонија]].
 
== Раѓање и школување ==
Јосиф Михајловиќ е роден во [[Тресонче]], во [[маало Јуруковци|маалото Јуруковци]] во [[1887]] година од татко Мијалче, во семејство на [[ѕидар|ѕидари]] и [[зограф|зографи]]. Бил од родот Јуруковци. Малиот Јосиф се описменил во манастирот "[[Свети Јован Бигорски]]", а поради работата на татко си во реонот на [[Скопска Црна Гора]], целата фамилија на Јосиф, кога тој имал само шест години, се преселила во скопското село [[Кучевиште]]. Таму Јосиф помагајќи му на татка си во работата го одушевил српскиот крал со неговата трудолљубивост (кој во тоа време бил во посета на Скопје), па кралот наредил да се запише неговото име и презиме, и подоцна Јосиф добива стипендија по што неговиот живот целосно се променува. Таму Јосиф завршил основно образование, нижа гимназија завршил во Скопје, а виша во [[Солун]], каде како српски питомец матурирал во [[1906]] година. Тоа е времето кога територијата [[Македонија]] се уште била под власт на [[Отоманско царство|Отоманското царство]].
 
Зографската и градителска историја на неговото семејство го натерало студирањето да го продолжи на Техничкиот факултет во [[Белград]] на отсекот архитектура. Го завршил за рекордно време, за само 4 години. По дипломирањето во [[1910]] година професорите го испратиле на постдипломски студии по архитектура во [[Италија]], каде специјализирал на романската класична уметност на ренесансата.
Ред 16:
Прва работна задача по враќањето од таа земја во [[1911]] година му било вклучувањето во тимот што ја проектирал зградата на [[Академија на науките и уметностите на Србија|Академијата на науките и уметностите на Србија]] и на градската палата на градот Белград.
 
Во следните години накратко замрела неговата кариера.
 
== Балканските војни ==
Почнале балканските војни и тој, како и голем број други [[Македонци]] бил мобилизиран во редовите на српската армија, но се нашол и во редовите на мијачкиот војвода [[Доксим Учителот]] од [[Галичник]].
 
Ред 28:
 
== Градоначалник на Скопје ==
По завршувањето на Првата светска војна и по студиите во Франција и Англија Јосиф се вратил во новосоздаденото југословенско [[кралство на Србите, Хрватите и Словенците]] и почнал да работи во едно градежно претпријатие - "Феникс". Набрзо стекнал висок углед како одличен архитект, па на 29 јануари 1929 година бил и официјално назначен за градоначалник на Скопје или како што тоа тогаш се нарекувало, претседател на општинското Поглаварство. Пред тоа во Градот работел како архитект-урбанист и уште тогаш имал почнато неколку проекти. Следувал периодот на проектирање и изградба на големите дела во градот. Според официјалните записи, кралот Александар Караѓорѓе посредно го поставил Јосифа за градоначалник на Скопје, зашто сакал од градот да направи модерна метропола во спомен на српскиот средновековен цар Душан. Потребната реконструкција и модернизација на градот сметал дека може успешно да го изврши тресончанецот Јосиф Михајловиќ - Јурукоски. На оваа функција тој останал до [[1936]] година, кога поради политичко-идеолошките разлики бил сменет од страна на една партија која во тоа време победила врз база на својата национал-социјалистичка (фашистичка) програма, зашто Михајловиќ бил демократ.
 
 
== Смрт ==
Тресончанецот Јосиф Михајловиќ починал на [[11 март]] [[ 1941]] година, само еден месец пред почетокот на [[Втора светска војна]]. Погребната поворка ја следеле повеќе од 15 илјади скопјани, церемонијата траела околу 5 часа, а проштални говори за живот и делата на Јосиф одржале повеќе од 20 лица. Во хрониките останало запишано дека поворката ја следеле голем број граѓани облечени во мијачки народни носии, со бечви, минтани и црни кечиња.
 
Починал на оперативна маса во скопската клиника за време на хируршка интервенција за вадење на слепото црево. Официјалниот медицински извештај вели дека при операцијата настанале компликации и лекарите не можеле да го спасат. Но, во тогашните демократски кругови кои биле против политиката на зближување со [[Хитлер]], преовлеадало мислењето дека поранешниот градоначалник бил отруен од фашистите, после еден говор пред царот Александар I на скопската железничка станица, каде наводно кажал неколку работи што не ги бендисале властите. Ваквата претпоставка била отфрлена од тогашната медицинска комора, а негативен став по однос на таа можност има и неговото семејство кое денеска живее во [[Белград]].
Ред 40:
По смртта, со одлука на тогашното градско Поглаварство, големата улица "Јустинијанова" во Скопје, била преименувана во "Јосиф Михајловиќ", но бугарската окупаторска власт во Втората светска војна, а подоцна и комунистите, ја укинале таа одлука. Во книгата "Антологија за мијачките великани" се вели дека Лазар Колишевски (лидерот на комунистите во Македонија) на една мала тесна уличка од петнаесетина метри што завршува со ќорсокак некаде на Бит-пазар, подоцна и го дал името на поранешниот градоначалник и на таков начин тогашната власт му се оддолжила на најголемиот скопски градител на сите времиња.
 
== Начин на работа ==
Работните методи со кои Јосиф ги почнувал сите проекти биле со задоволство прифаќани од сите негови соработници. Во планирањата, проектирањата, мерењата и изведувањата на работите воопшто не се срамел и самиот да се вклучи во нив, а речиси секогаш во сите проекти ги вклучувал и младите студенти, за кои знаел дека се носители на авангардата и новите идеи.
 
Ред 50:
[[Категорија:Македонци]]
[[Категорија:Скопјани]]
 
[[Категорија:Тресонче]]