Јордан Хаџи Константинов-Џинот: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: Промена на шаблон: Инфокутија Личност
с Бот: козметички промени
Ред 16:
По завршувањето на ќелијните школи во родниот град, Јордан своето школување го продолжил во [[Самоков (Бугарија)|Самоков]] и [[Солун]]. Работата како учител во Велес ја започнува во [[1838]] година кога отпочнува со реализирање на идејата за воведување на народен [[македонски јазик]] во училиштата. Покрај воведувањето на народниот македонски јазик во училиштата Џинот е заслужен и за осовременувањето на наставата, бидејќи вовел нови предмети. Со тоа учениците покрај тоа што добивале знаења за свештени лица, со новите предмети внесени од Хаџи Константинов, учениците се здобивале и со знаења кои подоцна со успех ги применувале во трговијата и занаетчиството. Училиштето во Велес се наоѓало во црква во која клисар бил неговиот татко. По несогласувањата со гркоманско настроените градски големци околу употребата на народниот македонски јазик во наставата, тој бил протеран од Велес. По протерувањето од и затворањето на неговото училиште во Велес, Хаџи Константинов патувал во [[Солун]], [[Света Гора]], [[Србија]] и [[Романија|Влашко]]. Во [[1848]] година заминал на работа како учител во [[Скопје]] во познатата скопска црква [[Света Богородица]] каде останал 10 години. Во Скопје како учител бил повикан од побогати трговци од [[Македонци|македонска националност]] како Константин Икономов, браќата Попови, Кочови, Зафир Малев и други угледни граѓани од [[Пајко Маало]], за што бил плаќан со годишна плата. За време на својот престој во Скопје, Џинот ги извршил и првите метеоролошки мерења на времето во [[Македонија]]. Од Скопје на големо незадоволство на македонското население бил истеран од турските власти кои биле потплатени од гркоманските фамилии и свештеници. Интензивно работел на организирање приредби и училишни претстави, соработувал со “Цариградски весник”, ги интензивирал врските и преписките со разни културни установи, а особено во [[Русија]]. Неговата развиена просветителска дејност предизвикала прогони од власта и губење на работата. Учителствувал и во [[Прилеп]] од каде истотака бил протеран поради жестоките судири со [[фанариоти]]те, а од Западна Македонија собирал стари книжевно-историски документи. По прогонот од Прилеп, кратко време учителствувал и во селото [[Ваташа]] во ќелијните училишта во Моклишиот и Полошкиот манастир. Од 1860-1866 година бил прогонет на 101 година робија во [[Мала Азија]], која со помош на негови пријатели се смалила до 3 години и каде го изгубил едното око. Сите години по враќањето ги поминал во родниот Велес. Умрел на [[29 август]], [[1882]] година. Неговиот гроб се наоѓа во дворот на црквата “Св. Спас”.
 
== Дела ==
 
Јордан Хаџи-Константинов Џинот четири децении работел на воведување на просвета на народен јазик како писател и сестран творец од областа на културата. Прво дело му е “Таблица перваја” внесена во употреба во [[1845]] година, кое служело како учебно помагало при основното описменување на учениците. Составил две збирки на афоризми. Во првата збирка сите афоризми почнуваат со зборот “човек”, а втората содржи 34 мисли за човекот, животот и светот. Џинот две децении пишувал стихови за одредени поводи и потреби. Во нив ги воспевал образованието, просветата, убавината, слободата, патриотските чувства и сопствената биографија. Негови дела се: “''Плач на скопското училиште многотрудное''” (објавена во „Цариградски весник“ во 1851 година) во која се зборува за неговите напори за отворање на училишта и борбата со гркоманските свештеници и чорбаџии; “''Дионис Вакхо''” ; “''Труд ми е името''”, која е вистинска [[апотеоза]] на трудот; “''Рај божји''”; “''Аврора''” во која се воспеваат патриотските чувства и патриотската функција на просветата; “''Крај реката Вардар''” и “''Горка чаша кнеза Лазара последна тајна вечера''”, која е една од најдолгите песни во [[Македонија]] од овој книжевен период. Драмските обиди на Џинот се првите од овој вид во македонската книжевност. Нив ги изведувале неговите ученици од Скопското училиште во дворот на црквата [[Света Богородица]]. Тоа се “''Миневра и девет музи''”, “''Разговор или прави человек''”, “''Училиште и учение''”, “''Басна''”, “''Сербија шетаетсја в земел своих''”. Првите четири од наведените драмски обиди отпечатени се во “Цариградски весник”, а во драмите „''Минерва и девет музи''“ и „''Сербија шетаетсја в земел своих''“ ја изразуваат неговата идеја дека ослободувањето од долговековното турско ропство и од духовното туторство на грчката црква лежи во македонското национално единство и слободната соработка на словенските земји. Џинот исто така се занимавал и со преведувачка дејност, со собирање на народни умотворби и лексички материјал. Намерата да издаде повеќе јазичен речник не успеал да ја реализира. Џинот е првиот македонски драмски писател и просветител заедно со [[Кирил Пејчиновиќ]] и [[Јоаким Крчовски]].
Ред 41:
 
{{Македонска Литература}}
 
[[Категорија: Македонски просветители|Х]]
 
[[bg:Йордан Хаджиконстантинов-Джинот]]