Ѓоце Стојчевски - Амбарче: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Брзо додавање категорија Починати во Беличица (со користење на HotCat)
с Бот: козметички промени
Ред 1:
'''Ѓоце Илиев Стојчевски - Амбарче''' ([[Тетово]], {{роден на|26|ноември|1919}} – [[Беличица]], [[гостиварско]], {{починал на|19|септември|1944}} бил македонски борец и народен херој.
 
== Биографија ==
Амбарче бил роден во [[Тетово ]] на [[26 ноември]] [[1919]] година во повеќечлено занаетчиско семејство од татко Илија и мајка Менча. По завршувањето на основното училиште, иако надарен ученик, поради лошата материјална состојба во семејството, Ѓоце го напуштил училиштето и останал да му помага на татка си во волновлачарницата, посетувајќи го притоа занаетчиското училиште. Чувствувајќи ја националната обесправеност и суровиот експлоататорски режим на големосрпската буржоазија врз себе и врз својот народ, воспитан во духот на слободарските традиции, Ѓоце се вклучил во напредното работничко и револуционерно движење. Бил библиотекар во [[Библиотека „Кочо Рацин“ - Тетово|локалната библиотека]], секретар на МК на КПЈ и учесник во НОД во [[1941]] година. Во [[НОАВМ ]] бил политички комесар на партизански одред на [[Шар Планина]] во [[1943]] година. Во борбата со [[балисти|балистички сили]] кај с. [[ Шипковица]] во [[1943]] бил ранет, заробен и спроведен во затворот во [[Тирана]]. По капитулацијата на [[Италија]] избегал, се вратил во Македонија и се приклучил на партизански одред. Загинал во борба и бил прогласен за [[Орден на народен херој|народен херој на Југославија]]<ref>''Народни херои од Македонија, Скопје, 1970''</ref>. Во негов спомен тетовскиот [[СУ "Гоце Стојчевски" - Тетово|хемиско-текстилен училишен центар]] го носи неговото име.
 
== Референци ==
{{reflist}}
 
== Надворешни врски ==
* [http://mkdnd.mrforum.net/topic-n5.htm '''Ѓоце Стојчевски – Амбарче'''] - Комплетна биографија
 
[[Категорија:Тетовци]]
 
[[Категорија:Родени во Тетово]]
 
[[Категорија:Починати во Гостиварско]]
 
[[Категорија:Народни херои на Југославија]]
 
[[Категорија:Македонски партизани]]
 
[[Категорија:Библиотекари]]
 
[[Категорија:Починати во Беличица]]