Сократ Лафазановски

Сократ Лафазановски (В’мбел, Костурско, Егејска Македонија, 11 септември 1939) — македонски сликар и балетски уметник.[1]

Сократ Лафазановски
Роден 11 септември 1939
В’мбел, Костурско, Егејска Македонија
Занимање сликар
балетски уметник

За време на Граѓанската војна во Грција со семејството пребегал во Романија. Во Букурешт завршил училиште за применета уметност - сликарство и балетско училиште, а дипломира ликовна уметност на Педагошката академија во Скопје.

Покрај професионалната сликарска дејност, цели 14 години бил професионален балетски уметник во Операта во Брашов (Романија) и Македонскиот народен театар во Скопје. Како сценограф има изведено преку 25 оперски постави, оперети, класични балети и претстави за деца. Работел и како ликовен педагог.

За 35 години уметничко творештво, Лафазановски има насликано околу 1200 уметнички дела изведени во масло, акварел и пастел. Од нив, 600 се наоѓаат во Скопје, 200 се подарени на установи, пријатели и љубители на убавата уметност, а останатите се во други земји: Србија, Црна Гора, Романија, Италија, Австрија, Германија, Франција, Данска, Австралија, Грција.

Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Наводи

уреди
  1. Разговор со Сократ Лафазановски[мртва врска]