Снежана Османли

политичарка

Снежана Османли (моминско Станковиќ, Битола, 6 март 1954 - Скопје, 5 ноември 2013) — една од најзначајните политички фигури на Македонија. Била долгогодишен шеф на кабинетот на претседателот Киро Глигоров. Таа била и еден од основачите на осигурителната компанија Еуролинк. Нејзин сопруг бил Томислав Османли, македонски сценарист, драматург, теоретичар на медиумите, писател, критичар, новинар и есеист.

Снежана Османли
Родена 6 март 1954
Битола, НР Македонија СР Македонија
Починала 5 ноември 2013
Скопје, Македонија Македонија
Занимање деловна дама и политичар

Животопис уреди

Османли е родена е на 6 март 1954 година во Битола во семејството на Александар Станковиќ, еден од првите македонски повоени новинари и поети. Дипломирала макроекономија на Економскиот факултет во Скопје за само три години, исто како што го завршува средното образование за три години во гимназијата Георги Димитров во Скопје, со што станува најмладиот дипломец во вкупната историја на Факултетот, кое и обезбедило и вработување на дваесетгодишна возраст. Беше избрана за секретар на Републичката конференција на Сојузот на социјалистичката младина на Македонија (РК ССММ). Била пратеник во Собранието на СРМ, во Општествено-политичкиот собор. Била именувана за шеф на кабинетот на Секретарот, потоа и на претседателот на ЦК СКМ, М-р Јаков Лазароски, потоа и за шеф на кабинетот на претеседателот на ЦК СКМ-ПДП М-р Петар Гошев. Магистрирала на студиите по меѓународна политика со тезата "Политичките партии во Грција", која нешто потоа и ја објавува (во издание на "Студентски збор",Скопје, 1984). Оттогаш сè до крајот на животот Снежана Османли цели 39 години развивала богата и успешна кариера на двата професионални плана: политичкиот и деловниот. Во турбулентните времиња пред осамостојувањето, почнувајќи од 1991 година, именувана е за советник на претседателот на Македонија Киро Глигоров, одговорна била за јавните комуникации на претседателот, позиција на која останала сè до 1997 година. Во неколку наврати била специјален пратеник на претседателот во работни и протоколарни надворешно-политички мисии. Во 1997 година била избрана за директорка на Националното биро за зелена карта во кое исто така развива динамична национална и меѓинародна дејност. Поради посветена мултилатерална активност, двапати по ред била избирана во Постојаниот работен комитет (Working-standing commitee) на европското Биро на системот на меѓународно осигурување Зелена карта (Green Card Bureaux) во кое членуваа 48 земји од европскиот континент и поширокиот сообраќаен ареал. Со тоа искуство во осигурителната дејност, во 2002 година, Османли ја прифатила понудата на инвеститорот, а нејзин семеен пријател, Трифун Костовски е именувана за основач, потоа и за прв извршен директор на осигурителната куќа „Еуролинк”, но не ги прекина врските со високата политика. Странските дипломати деташирани во Македонија со неа одржуваа консултации. Беше избрана за член на Советот за меѓународни односи во Вашингтон (Council on Foreign Relations), а во Скопје го основа и беше потпретседател на Советот за надворешни односи (СНО) како граѓанско здружение кое разви завидна активност како надворешно-политичка think-tank група со бројни гостувања на експерти од различни дипломатски, научни и политичко-аналитички домени. Во 2004 година, поради сериозен здравствен проблем, се повлекла од извршната фунција во осигурителната куќа и работела како менаџер во финансиската групација „Гофи“. Од тогаш таа станала активен економски и политички советник на Трифун Костовски. Била стожерна личност на изборните штабови и близок соработник на претседателот Киро Глигоров од 1990-1997, како и на пратеникот, потоа и градоначалник Трифун Костовски, како во парламентарните избори 1997, така и на локалните избори за градоначалник на Скопје во 2005 година и со огромното политичко искуство и организациски талент, во голем дел придонесе и кон неговите изборни победи. По десетгодишна, на пати тешка битка со неизлечлива болест, таа починала на 5 ноември 2013 година во Скопје. На 3 ноември 2014 година беше промовирана монографијата „Снежана Османли - жената која можеше да гледа и зад ридот“ која ја придери Атанас Кировски, а ја издаде ИП „Култура“ од Скопје. Книгата посветена на политичките и деловни придонеси на Снежана Осмнали содржи исклучителни искази, лични и политички сеќавања и изрази на почит на истакнати личности од домашната политика, меѓународната дипломатија, деловниот свет и журнализмот, а беше објавена по повод годишнината од нејзината смрт.[1]

Наводи уреди

1. Промоција на монографијата „Снежана Османли – Жената која можеше да гледа и зад ридот“http://inpress.com.mk/?p=10437

  1. Промоција на „Снежана Османли - жената која можеше да гледа и зад ридот“