Смарагдна плоча (на латински: Tabula Smaragdina) — таен херметистички текст кој му е припишан на Хермес Трисмегист. Високо бил ценет и користен како од исламските така и од европските алхемичари како основа за нивната уметност.[1] Иако е припишан на легендарниот хеленистички полубог Хермес Трисмегист, текстот од Смарагдната плоча прв пат се појавува како таков во низа раносредновековни арапски извори, најстариот од нив датира во доцниот осми или раниот деветти век. Потоа, во дванаесеттиот и тринаесеттиот век, неколку пати е преведен на латински јазик. Постојат бројни толкувања и коментари врз оригиналниот текст, кои се појавиле низ вековите во кои што популарноста на плочата не престанала да се шири.

Приказ на „Смарагдната плоча“, дело на Хајнрих Кунрат, 1606

Наводи

уреди
  1. Principe, Lawrence M. (2013). „The Secrets of Alchemy, Chicago: The University of Chicago Press, p.31“. Wikipedia (англиски).