Слободан Чашуле

Политичар од Македонија

Слободан Чашуле (27 септември 1945 во Скопје17 декември 2015 во Мадрид) — македонски новинар, политичар, министер за надворешни работи на Македонија во периодот 20012002 година.[1]

Слободан Чашуле
Министер за надворешни работи
На должноста
30 ноември 2001 – 1 ноември 2002
Претседател Борис Трајковски
Претходник Илинка Митрева
Наследник Илинка Митрева
Лични податоци
Роден(а) 27 септември 1945
Скопје, СФРЈ
денес Македонија
Починал(а) 17 декември 2015
Мадрид, Шпанија
Националност Македонец
Партија Нова Демократија
Деца Коле Чашуле
Вероисповед Православен христијанин

Животопис уреди

Чашуле е роден во Скопје на 27 септември 1945 година. Тој е син на познатиот македонски писател Коле Чашуле. Во 1972 година, Чашуле го завршил своето образование на Папскиот католички универзитет во Лима, Перу.

Кариера уреди

  • 19651967 — новинар и основател на ТВ Скопје.
  • 19671974 — дописник на ТВ Скопје во Чиле и Перу.
  • 19741980 — дописник за ТАНЈУГ во Латинска Америка и Карибите.
  • 19801990 — главен уредник на ТАНЈУГ во Македонија.
  • 19901994 — директор и главен уредник на македонското радио.
  • јануари — април 1999 — Генерален директор на „Нова Македонија“ - Скопје.

На 30 ноември 2001, Чашуле станал Министер за надворешни работи на Македонија, четврти по ред во владата на Љубчо Георгиевски[2]. Во 2002 година избран е за пратеник во Македонското Собрание, од страна на ВМРО - Народна партија.[3]

Ззборува англиски, шпански, португалски, француски и италијански. Починал на 17 декември 2015 година во Мадрид, Шпанија.[4]

Наводи уреди

  1. Габер, Виктор. За македонската дипломатија. Маргор. ISBN 9989851557.
  2. „Слободан Чашуле нов шеф на дипломатијата“. А1. 2 декември 2001 00:00. Посетено на 2010-12-18. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. „Пратенички состав“. Собрание на Македонија. Посетено на 2010-12-18.
  4. Почина Слободан Чашуле

Надворешни врски уреди

Претходник
Илинка Митрева
Министер за надворешни работи на Македонија
20012002
Наследник
Илинка Митрева