Славчо Деловски


Славчо Деловски ( 1923 во Велес6 април 1944)— македонски партизан, учесник во НОВ.[1]

Славчо Деловски
Slavco Delovski.jpg
Роден 1923
Велес
Починал 6 април 1944

ЖивотописУреди

Од Велес се доселил во Скопје и живеел во Црниче, каде дејствувал во силна партиска ќелија. Како напреден младинец бргу се поврзал и се вклучил во илегалната борба против бугарскиот фашистички окупатор. Во 1943 година бил примен во редовите на КПЈ. Развил широка политичка дејност кај младината и придобил нови приврзаници за оружената борба против окупаторот. Учествувал во растурање летоци, во кои се осудувал окупаторот и се објаснувале целите и успесите на Народноослободнтелното движење. Организирал собирање на материјали и парична помош, што се испраќала на партизаните и илегалците што работеле во Скопје.

На 3 март 1944 година заминал во веќе прославената 3 македонска ударна бригада. Со Бригадата учествувал во борбите на Црна Трава, Ристовац, Пробиштип и Црн Врв. Загинал во борбите против бугарските фашистички сили, на 6 април 1944 година. Неговите останки биле погребани на скопските гробишта.

НаводиУреди

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 50. На |first= му недостасува |last= (help)