Скупи-фест е меѓународен театарски фестивал што се одржува во Македонија. Директор на фестивалот е Музбајдин Ќамили, а уметнички директор е Сенко Велинов.

Скупи-фест 2013 уреди

Главната награда на седмото издание нафестивалот ја освоил Државниот театар од Тибинген, Германија.[1]

Скупи-фест 2014 уреди

Осмото издание на фестивалот се одржал во периодот 31 октомври - 6 ноември 2014 година, под мотото „Маски и даски“. Претставите се одржале во Младинскиот културен центар и во театарот „Центар“ во Скопје. На фестивалот биле прикажани претставите:[1][2]

  • „Гробница за Борис Давидович“, во режија на Ивица Булјан,
  • „Сите птици се веќе таму“, а во режија на Еберхард Колер, а во копродукција на театрите „Шлахтхаус“ од Берн и „Поколениј“ од Санкт Петербург,
  • „Градители на империјата или Шмурц“, во режија на Александар Поповски и во изведба на турскиот театар „Хајал Пердеси“,
  • „Вистинскиот Запад“ од Сем Шепард, во режија на Лаура Неџа, а во изведба на „Шетачкиот театар“ од Тирана,
  • „Претстава без наслов“, во изведба на Бриџ театар од Романија,
  • „Јерма“ од Лорка, во режија на Дијана Добрева, а во изведба на Театарот на бугарската армија,
  • „И сега: светот!“, во режија на Соња Штрајфингер, а во изведба на Државниот театар од Тибинген, Германија.

Според организаторот, за учество на фестивалот се пријавиле дури 114 театри. Жирито го сочинувале: режисерот Синиша Евтимов и глумците Муса Јусуфи и Албана Санчоли. Министерството за култура на Македонија го помогнало фестивалот со 2,6 милиони денари.[1] Бугарската претстава „Јерма“ била прогласена за најдобра на фестивалот.[3]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 „Контроверзната Гробница за Борис Давидовиќ во Скопје“, Дневник, година XVIII, број 5604, четврток, 30 октомври 2014, стр. 18.
  2. „Три претстави викендов на Скупи-фест“, Дневник, година XVIII, број 5606, сабота, 1 ноември 2014, стр. 20.
  3. „Жестока Гробница за Борис Давидович, Јерма најдобра на Скупи-фест“, Дневник, година XVIII, број 5612, сабота-недела, 8-9 ноември 2014, стр. 19.