„Сказна за детето Вилен“ или „Сказна за Вилен“новела за деца на македонскиот писател Глигор Поповски, првобитно објавена во 1952 година.

Содржина уреди

Книгата се состои од следниве делови:[1]

  • Дедо Сезнаел
  • Патот до Големата Река е долг
  • Во земјата на лошиот Баул
  • Ладе
  • Ѕуницата пие
  • Кај стариот рибар

Осврт кон делото уреди

Новелата е напишана во форма на сказна. Таа е напишана допадливо, но неколку места се незаборавни, како: описот на дедо Сезнаел, патувањето на Вилен кон Големата Река, неговиот престој во земјата на лошиот Баул и средбата со стариот рибар.[2]

Технички податоци уреди

Книгата „Сказна за Вилен“ била објавена повеќепати како заедничко издание на неколку издавачки куќи („Мисла“, „Детска радост“, „Наша книга“, „Македонска книга“ и „Култура“) и служела како задолжителна лектира за второ одделение во основните училишта на СР Македонија. Така, изданието од 1987 година има 47 страници и било испечатено во печатницата на НИПРО „Нова Македонија“, во тираж од 30.000 примероци. Илустрациите во книгата ги направил Александар Каевски, а корицата ја илустрирала Бисерка Перовска. Кнгата е каталогизирана во НУБ „Климент Охридски“, Скопје, но не ја поседува меѓународната ознака ISBN.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Глигор Поповски, Сказна за Вилен, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1987.
  2. Елица и Атанас Николовски, „Разговор за делото „Сказна за Вилен“ од Глигор Поповски“, во: Глигор Поповски, Сказна за Вилен, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1987, стр. 44-45.