Сицилиски јазик

(Пренасочено од Сицилијански јазик)

Сицилискиот (изворно: lu sicilianu или siculu; италијански: language siciliana) е јазик од романското семејство. Се говори на островот Сицилија и помалите околни острови, во јужна Калабрија (каде се нарекува јужнокалабриски), во јужните делови на Апулија, Саленто (каде се нарекува салентски) и во Кампанија, каде се нарекува чилентски (Gordon, 2005). „Етнолог“ го опишува сицилијанскиот како „достатно различен од литературниот италијански за да се смета за посебен јазик“ (Gordon).

Сицилиски
Sicilianu
Застапен воСицилија, Калабрија (средна и јужна), Кампанија (Чиленто), Апулија (Саленто, Лече), Малта
Говорници6,8 милиони  (2010)
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-2scn
ISO 639-3scn
{{{mapalt}}}

Говорници

уреди

Денес јазикот го говорат највеќето жители на Сицилија, како и иселеништвото низ светот, особено во САД, Канада, Австралија и Аргентина. ВО последните две до три децении, голем број на сицилијанци се преселиле во индустриските подрачја во северна Италија и остатокот од Европската Унија, особено во Германија.

Сицилискиот нема службен статус никаде, па дури ни во Сицилија и нема установа што го регулира. Најблиску до надлежност за јазикот е Центарот за сицилиски филолошки и лингвистички изучувања (Centro di studi filologici e linguistici siciliani) во Палермо, кој го истражува јазикот и објавува лингвистички дела уште од неговото основање во 1951 г.[1]

Автономниот регионален парламент на Сицилија има донесено законски уредби за изучување на сицилискиот јазик во сите училишта, но реализацијата досега е мошне бавна (Cipolla, 2004).

Јазикот официјално се признава во општинските статути на сицилиските градови како Калтаџироне[2] и Грамикеле,[3] каде се прогласува „неотуѓивата историска и културна вредност на сицилискиот јазик“. Предвидена е и заштита и промовирање на јазикот согласно Европската повелба за регионални и малцински јазици (ECRML), но италијанскиот парламент досега не го има потврдено предлог-законот.[4]

Во разните сицилиски заедници во САД и Канада (особено во Монтреал), јазикот е зачуван и се изучува во семејството и преку културни и фолкорни друштва и црковни организации, а постојат и друштвени групи на интернет.[5][6][7]

Име на јазикот

уреди

Името на јазикот доаѓа од најголемиот древен староседелски народ на Сицилија наречен Сикули, кој живеел на островот пред доаѓањето на Грците во VIII век п.н.е..

Дијалекти

уреди

Како и другите јазици, сицилискиот има свои дијалекти, што припаѓаат на следниве наречја (Gordon и Bonner 2001):

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Centro di studi filologici e linguistici siciliani (CSFLS)
  2. „Gazzetta Ufficiale della Regione Siciliana: Statuto del Comune di Caltagirone“. Архивирано од изворникот на 2008-12-05. Посетено на 2012-11-18.
  3. „Gazzetta Ufficiale della Regione Siciliana: Statuto del Comune di Grammichele“. Архивирано од изворникот на 2017-10-11. Посетено на 2012-11-18.
  4. Карди, Валерија. Италија се приближува до ратификувањето на Еверопската повелба за регионални и малцински јазици - Eurolang, 12 декември 2007 (англиски)
  5. http://dir.groups.yahoo.com/group/sicilianamericanclub/message/766[мртва врска]
  6. http://www.everyculture.com/multi/Pa-Sp/Sicilian-Americans.html
  7. http://nsaf.net/

Надворешни врски

уреди