Сингрид УНДСЕТ (20 мај 1882, Калунбор, Данска - 10 јуни 1949, Лилехамер, Норвешка), норвешка романописецка, добитничка на Нобелова награда за литература во 1928 година, за мајсторството со кое ја опишува средновековната историја на скандинавските земји.[1]

Сингрид Ундсет

Животопис уреди

Ќерка е на истакнатиот норвешки археолог И. Ундсет. Прво учела во општообразовно училиште, па по настојување на родителите, а по смрта на татка си (1893) се запишала во трговско училиште. Поради финансиски тешкотии, на 17 години започнала да работи како чиновничка во инженерска фирма.[1]

Творештво уреди

Во 1907 година го објавила првиот роман на современа тема „Марта Оули“. Следувал зборникот на раскази „Најсреќни години“ (1908). Нејзината врска со норвешкиот уметник Андерс Свартад, 13 години помлад од неа, е во основата на романот „Срце на Јени“(1911), кој доживува успех меѓу читателите и критичарите. Од 1912 до 1920 година издава два зборника раскази и романот „Проелет“ (1914). Нејзиното творештво од тој период содржи автобиогравски црти, како и проблеми поврзани со местото на жената во општеството. Во 1924 година станала католичка. Меѓу најзначајните дела се и триологијата „Кристин Лавранстадер“ (1920-22) и романот во два тома „Улоф Аудунсен во Хествикен“, како и „Улоф Аудунсен и неговите деца“ (1925-27) со сиежа од средновекосвната национална историја, во кои ја поврзува традицијата на норвешките саги со психолошкото мајсторство на современиот писател. Од 1928-1939 година објавила пет романи на современи теми, зборник на есеи „Етапи:Нов ред“ (1933). За време на окупацијата од Германија(1940) учествувала во Движењето на отпорот. Есента истата година заминала во САД, каде што останала до крајот на војната. Ундсет е меѓу најзначајните имиња на скандинавската литература.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Преводи на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД„Микена“, Битола,2010