Сеќавањето на Шекспир

„Сеќавањето на Шекспир“ (шпански: La memoria de Shakespeare) — збирка раскази на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес.

Содржина

уреди

Збирката ги содржи четирите последни раскази што ги напишал Борхес:[1]

  • „Дваесет и петти август 1983 година“
  • „Сини тигри“
  • „Розата на Парацелзус“
  • „Сеќавањето на Шекспир“

Изданија на македонски јазик

уреди

Во 2016 година, збирката била објавена на македонски јазик, во издание на „Бегемот“, во рамки на едицијата „Ars magna“, а во тираж од 300 примероци. Преводот од шпански јазик го направил Ненад Велковски; ликовното уредување на книгата е дело на Бојан Димитриевиќ; а лектурата ја направила Ирена Ралева. Книгата била преведена со финансиска помош на програмата за преводи „Сур“, на Министерството за надворешни работи и култура на Република Аргентина, а била испечатена во „Печатницата Наумовски“ од Скопје. Книгата, со димензии од 18 сантиметри и со обем од 74 страници, е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“ од Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4718-47-5.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Хорхе Луис Борхес, Сеќавањето на Шекспир. Скопје: Бегемот, 2016.