Сергеј Трифуновиќ

Сергеј Труфуновиќ (Мостар, 2 септември 1972) — српски театарски, телевизиски и филмски актер, со потекло од глумечко семејство. Неговиот татко, Томислав Трифуновиќ и брат Бранислав Трифуновиќ се исто така глумци.[1]

Сергеј Трифуновиќ
Роден 2 септември 1972(1972-09-02)(52 г.)
Мостар,  СФРЈ
Занимање глумец и политичар

Тој студирал глума на Факултетот за драмски уметности, а на големиот екран за првпат се појави во 1995 година во филмот „Туѓа Америка". Стана познат по улогите во филмовите „Убиство со намера", „Стршлен", „Спасител", „Молња!", „Кога ќе пораснам ќе бидам кенгур", „Караула" и серијата на „Црн Грујо".

Животопис

уреди

Сергеј Трифуновиќ е роден 2 септември 1972 година во Мостар, син на глумецот Томислав Трифуновиќ и на адвокатката  Слободанка. Неговиот помлад брат е глумец Бранислав Трифуновиќ. Татко му често се преселувал, така што Сергеј живеел во Мостар, Ужице, Крушевац и Белград.[2] 1990 година, тој се запиша во Белград на Факултетот за драмски уметности, во класата на Професор Владимир Јевтовиќ. Заедно до него студирале и Наташа Нинковиќ , Војин Четковиќ и Небојша Глоговац. 2009 Година тој стана асистент на неговиот поранешен Професор (Владимир Јевтовиќ), во одделот за глума на Факултетот за драмски уметности во Белград.

Почеток на кариера

уреди

Првата улога на големиот екран тој ја доби во филмот на Горан Паскаљевиќ „Туѓа Америка" од 1995 година. Во тој филм, ја толкувал улогата Лукас, постариот безгрижен син (Мики Манојловиќ) на Баја, кој е единствен што успеал да го оствари Американскиот сон. Во истата година Трифуновиќ се појави во филмот „Убиство со намера" Горчин Стојановиќ, во кој ја толкувал улогата на Крсман Јакшиќ, млад офицер на Озн од провинција, заљубен во Јелена, предвоена госпоѓица (Ана Софреновиќ), кој мора да се бори против Јован (Драган Мичановиќ), уобразен син на очувот на Јелена, чиишто татко новата власт го затвори затоа што тој беше симпатизер на монархијата.

Трифуновиќ се појави како специјален гостин на албумот „“ на поп бендот Ева Браун во обработка на песната „Одведи ме надвор од овој град" група Филм.[3]

Пробив

уреди

1998 година била успешна за Трифуновиќ. Прво, во филмот „Стршлен “ Горчин Стојановиќ, ја толкувал улогата на албанецот Миљаим, најмениот убиец, кој работи за албанската мафија и заљубен во србинката Адријана (Мирјана Јоковиќ). Потоа глумел и во српско-американскиот филм „Спасител" во режија на Предраг Антонијевиќ заедно со Денис Квејд. Во овој филм, тој го одигра Горан, суровиот војник на Армијата на Република Србија. Конечно, глумел грабнувач на автобуси во Паскаљевиот филм "Буре барут".

Претходните улоги и добро познавање на англискиот јазик му донесе главната машка улога во француската драма "Љубовници" () Жан-Марк Бар од 1999 година каде го глуми Драган, нелегалниот емигрант од Југославија заљубен во французинка којшто се соочува со депортација и улога во американски филм во режија на Ли Дејвис и продуцентот Спајк Ли "Три по полноќ" () од 2001 година.[4] Во филмот  Три по полноќ првично требаше да  глуми и албанец, но на негово барање, на националност била променета, прво во муслиман, а подоцна, српската од Мостар.[5] Му беа понудени улоги во филмот „Љубов пред се" () со Никол Кидман, која тој ја одби поради бомбардирањето на Југославија во 1999 година. (улогата подоцна му припаднала на Метју Касовиц) и во филмот (улогата ја добил Драган Мичановиќ), бидејќи не бил задоволен од улогата.

 
Сергеј Трифуновиќ (прв лево) на претставување на тимот на филмот на Трајбека филмски фестивал 2008 година.

2001 година, глумеше во популарната српска урбана комедија "Молња!", Радивоје Андриќ. Трифуновиќ во 2002 година тој служеше во воен рок во Петроварадин. По војската, тој ја доби улогата на Црн Грујо во истоимената српска серија, но не глумел во продолжението "Црн Грујо 2" затоа што тој се обидел да ја продолжи неговата кариера во Америка, па така улогата му припадна на Ненад Јездиќ. 2003 година, глумеше во Андичевиот хит "Кога ќе пораснам ќе бидам Кенгур" и „Професионалец" Душан Ковачевиќ.

Во Америка, тој имаше главната улога во нискобуџетниот американски филм "Љубов" () Владан Николиќ во кој го глумеше Вања Новаковиќ, поранешен специјалец на ЈНА, кој работи во Њујорк, како платен убиец, а по една неуспешна работа ја зема за заложник неговата поранешна сопруга. Улогата во филмот Трифуновиќ ја доби случајно, бидејќи претходниот глумец го откажа учеството во филмот.[6]

Во 2005 година во високобуџетниот филм „Караули" , Рајко Грлиќ по романот на Анте Томиќ „Ништо не смее да не изненади" во копродуцент на сите држави што произлегоа од поранешна СФРЈ. Во филмот, го глумеше Љубо Пауновиќ, бунтовен војник, кои поради конфликтот со старешината Сафет Пашиќ (Емир Хаџихафизбеговиќ) станува психопат. До крајот на годината тој имаше споредни улоги во нискобуџетни домашни драми „Апорија" Арис Мовесијан, босанско-хрватски-српски филм „Се џабе" Антоније Нуиќ и домашниот "Условна слобода" Мирослав Живановиќ.

Во Америка Трифуновиќ имаше мали улоги во серијии „Славачи" () и во филмот „Следни" (), во кој глуми терорист кој се обидува да го убие главниот протагонист, Крис Џонсон (Николас Кејџ).

Во 2007 година тој имаше споредна улога во американскиот-српски филм „Српски лузни" („“). Трифуновиќ ја сакаше улогата на Гаврил во најскапиот српски филм на сите времиња „Свети Ѓорѓија ја убива ламјата", сепак, дојде до "креативно недоразбирање" помеѓу него и режисерот Срѓан Драгојевиќ.[7]

Во меѓувреме, тој продолжи да ја изградува својата кариера во Америка со споредната улога на синот на диктатор на измислена земја во филмот "Војна на корпорациите". Филмот главно доби негативни критики. На крајот на 2007 година и во почетокот на 2008 година тој беше зафатен на снимањето на филмот "Турнеја".

Политика

уреди

Трифуновиќ беше близок до Демократската партија. Во текот на '90-тите години учествуваше во бројни демонстрации против тогашниот претседател на СРЈ Слободан Милошевиќ.[8] На претседателските избори на Србија во 2017 го поддржа Саша Јанковиќ.[9]

Наводи

уреди
  1. [1],
  2. „Sergej Trifunović - Ceo život u dva kofera“. Srđan Jokanović. Ilustrovana Politika. Архивирано од изворникот на 2011-03-11. Посетено на 7 март 2009.], Посетено на 25 април 2013.
  3. www.berzabendova.com[мртва врска], Eva Braun
  4. „Интервју за магазин Време, 1 април 2000“. Vreme.com. Архивирано од изворникот на 2010-01-08. Посетено на 26 октомври 2012.
  5. Играм, а кукати бих хтео Архивирано на 30 јуни 2007 г., НИН, бр. 2586, 20. јул 2000.
  6. „Ilustrovana Politika“. Ilustrovana.com. Архивирано од изворникот на 2011-12-05. Посетено на 26 октомври 2012.
  7. „Sergej Trifunović: Nisam kriv zbog gubitka uloge u filmu "Sveti Georgije ubiva aždahu", želeo sam da tumačim lik Gavrila“. PRESS Online. 15 јуни 2007. Архивирано од изворникот на 2020-10-08. Посетено на 7 март 2009.
  8. „Sergej Trifunović“. Архивирано од изворникот на 2009-04-03. Посетено на 2018-04-22.
  9. Сергеј Трифуновић поддржао Сашу Јанковића

Надворешни врски

уреди

(англиски)