Отвори го главното мени

Sepultura (на португалски: „гроб“)[1] е бразилски метал бенд од градот Бело Хоризонте, основан во 1984 година.[2] Оваа музичка група извршила големо влијание врз екстремните подвидови на метал музиката во доцните 80-ти и во текот на 90-тите години од минатиот век. Нејзиниот стил се смета за дет/треш, со повремени елементи од ну метал и хардкор панк.[3]

Sepultura
Sepultura на фестивалот во Вакен (2008)
Биографски податоци
ПотеклоБело Хоризонте,
Минаш Жераис, Бразил
Жанровитреш метал, дет метал
Период на активност1984–сѐ уште
ИздавачиCogumelo, New Renaissance, Roadrunner, Steamhammer, Nuclear Blast
СоработнициSarcófago, Nailbomb, Soulfly, Cavalera Conspiracy, Korn
Мреж. местоsepultura.com
Членови
Пауло Пинто
Андреас Кисер
Дерик Грин
Елој Касагранде
Поранешни членови
Вагнер Ламониер
Жаиро Гуедес
Макс Кавалера
Игор Кавалера
Жан Долабела

Групата била основана од браќата Кавалера, кои повеќе не се во бендот. Од првичните членови останале само басистот Пауло Пинто и гитаристот Андреас Кисер, додека нешто подоцна им се приклучил и Дерик Грин како вокал. Во досегашната кариера групата има издадено 13 студиски албуми, кои се продале во 20 милиони примероци на светско ниво.[4]

ДискографијаУреди

Студиски албуми
  • Morbid Visions (1986)
  • Schizophrenia (1987)
  • Beneath the Remains (1989)
  • Arise (1991)
  • Chaos A.D. (1993)
  • Roots (1996)
  • Against (1998)
  • Nation (2001)
  • Roorback (2003)
  • Dante XXI (2006)
  • A-Lex (2009)
  • Kairos (2011)
  • The Mediator Between the Head and Hands Must Be the Heart (2013)

НаводиУреди

  1. Barcinski & Gomes 1999, page 17.
  2. Barcinski & Gomes 1999, page 16.
  3. Scaruffi, Piero (1999). „Sepultura“. scaruffi.com. конс. 2013-08-11. 
  4. Rivadavia, Eduardo (1994-05-05). „Sepultura biography“. Allmusic. конс. 2008-07-13. 

Надворешни врскиУреди