Сенека Помладиот
Луциј Анеј Сенека, познат како Сенека Помладиот (латински: Lucius Annaeus Seneca, 4 п.н.е. - 65) — римски државник, поет, драматург и филозоф.
Луциј Анеј Сенека ' | |
---|---|
![]() Сенека Помладиот | |
Роден(а) | ц. 4 п.н.е. Кордоба, Хиспанија |
Починал(а) | 65 (на 68–69 г.) Рим |
Националност | Римјанско |
Други имиња | Сенека Помладиот, Сенека |
Период | Античка филозофија |
Подрачје | Западна Филозофија |
Школа | Стоицизам |
БиографијаУреди
Сенека се родил во Кородба, во богато семејство, така што почетното образование го стекнал во Рим. Подоцна станал учител и советник на императорот Нерон. Тој наследил голем имот, но самиот го зголемил богатството уште повеќе. Поради учеството во Пизоновата завера против Нерон, тој бил осуден на смрт и бил принуден да си ги пресече вените.[1] [2]
Книжевно творештвоУреди
Сенека бил учен и сестрано надарен човек, голем мислител и плоден писател кој пишувал поезија и проза. Од неговото богато творештво се сочувани следниве дела:[3]
- „Дијалози“ (во 12 книги) кои содржат разговори за среќниот живот, душевниот мир, гневот, краткотрајноста на животот, итн.
- „Писма до Луцилиј“ (20 книги) - 124 писма со морална содржина во кои дава упатства за добар живот.
- Тој е автор и на девет трагедии.
Филозофски погледиУреди
Во својата книга „За природата“ го разгледувал прашањето зошто нивото на океаните останува исто покрај непрекинатиот прилив на вода од реките и дождовите. Тој сметал дека мора да постои некој механизам со кој водата од морињата се враќа во воздухот и на копното и како објаснување ја понудил првата верзија на хидролошкиот циклус.
Оваа статија за е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |