Семетешкото Езеро е најголемото урниско езеро[1] на западната страна на Копаоник. Се наоѓа под ридот Чукара[2], во атарот на селото Семетеш, на 200 метри од Националниот парк Копаоник.[3] Геолозите тврдат дека ова езеро настанало од ледниците пред милиони години.[4]

Семетешко Езеро
Видурниско
Главни истециСеметешка Река
Сливни земји Србија
Најг. должина0,06 км
Најг. ширина0,06 км

Одлики

уреди

Има кружна форма и пречник 60 метри. Секогаш има исто ниво,[3] и се снабдува со вода од подводни извори, а во помала мера од два извори над езерото.[1][2] Поради големата ширина и длабочина на подводните извори, кои формираат левак во централниот дел на езерото[5], практично е невозможно да се измери длабочината.[1] Многу нуркачи се обиделе, но не се осмелиле, да нурнат подлабоко од 15 метри, поради силните водни струи, кои ги повлекле во длабочините.[5] Просечната температура на водата е 10 °C во јули и до 20 °C во август.[2] Од нег истекува Семетешка река, која подоцна се влева во реката Радошиќ.[3] На езерото се формирале пловечки острови со растенија и дрвја. Кога дува ветер, островите се движат низ езерото.[2] Поради овие пловечки острови, езерото е прогласено за хидролошки споменик на природата.[5][6] Туристичка атракција претставува пловење по езерото до овие острови, со помош на весла.[5]

Богато е и со риби: крап и бабушка, па затоа е привлечно за рибарите,[2][3] а староседелците на езерото се дождовници.[2]

Југозападно од Јошаничка Бања има уште две урниски езера, Горно (Долго) и Долно (Мало) езеро.[7]

Легенди

уреди

Бидејќи ниту нуркачите не успеале детално да го истражат дното на ова езеро, на некој начин тоа останало тајна, како за научниците, така и за посетителите и месното население, кои се восхитуваат на неговата убавина, но и се плашат од него.[3] Никој не знае како и кога е создадено, па се шират разни легенди за него.[2]

Се вели дека некој поп сакал да изврши вршење на Свети Кирил, па мештаните го предупредиле тогаш да не работи. Ја започнал работата, а земјата се отворила, голтајќи го него и коњите, а потоа зоврила водата,[3] од која се формирало езеро,[5] чија површина постојано треперела.[3]

Се вели дека на ова езеро се собирале самовили и дека навечер понекогаш се слуша глас на водено чудовиште кое ги плаши случајните минувачи,[8] од чудовишта. Поради тоа, штом би се стемнило, сите си оделе во своите куќи и добро ги заклучувале вратите и прозорците плашејќи се од чудовиштето. Но, како што се помалку се јавува, мештаните сепак се ослободија од стравот. Други веруваат дека тоа е редок вид на жаба или птица.[3]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Копаоник онлине: О Копаонику“. Архивирано од изворникот на 2012-01-27. Посетено на 2022-02-07.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Семетешко језеро, посетено на 31 јануари 2013.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Глас јавности: Острва плове, аждаја ћути, М. С., 22. 7. 2002. Архивирано на 15 декември 2023 г., посетено на 31 јануари 2013.
  4. Вести онлине: Језера, водени бисери Србије, 16. 1. 2011.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 РТС: Лепоте Рашке, 29. 8. 2011., посетено на 31 јануари, посетено на 25 април 2013.
  6. „ТО Србија: Споменици природе“. Архивирано од изворникот на 2013-01-21. Посетено на 2022-02-07.
  7. Скијање: Национални парк Копаоник Архивирано на 8 октомври 2018 г., постено на 31 јануари 2013.
  8. Српски сан: Семетешко језеро[мртва врска], посетено на 31 јануари 2013.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Литература

уреди
  • Мала енциклопедија Просвета (3 изд.). Београд: Просвета. 1985. ISBN 978-86-07-00001-2.  Недостаје или је празан параметар |title= (помоћ)
  • Марковић, Јован Ђ. (1990). Енциклопедијски географски лексикон Југославије. Сарајево: Свјетлост. ISBN 978-86-01-02651-3.CS1-одржување: ref=harv (link)