Селиште (Петралица)
„Селиште“
| |
| |
Местоположба | 42°12′29″N 22°11′13″E / 42.20806° СГШ; 22.18694° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Петралица |
Општина | Ранковце |
Тип |
|
Период | доцноантичко време |
среден век | |
Портал „Археологија“ |
Селиште — археолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Петралица. Претставува населба од доцноантичкото време и средновековна некропола. Северно од селото, од левата страна на селскиот поток и под наоѓалиштето Градиште, на простор од 3 хектара, на повшрината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и градежен материјал. Најдени се и повеќе монети. Од овие наоѓалишта потекнува депо од фолеси од I и II тетрархија. Монетите ги нашол Ј.Давидов во 1950 година, во еден керамички сад источно од црквата. Од депото кое содржело повеќе од 400 монети. Музејот на Македонија откупил 374. На околу 100 метри северно од црквичето посветено на Свети Ѓорѓи, на една карпа се издлабени два крста од кои едниот има форма слична на крстовите на хумските повелби или на босанските саркофази. Во нивата на еден жител е откриена голема камена плоча на кој има врежани крстови со различни форми и повеќе нејасни знаци.[1]
Поврзано
уреди- Бошановце — могила од римското време;
- Градиште — градиште од доцноантичкото време;
- Градиште I и II — градиште од доцноантичкото време;
- Градиште III — градиште од доцноантичкото време;
- Дубрава — населба од доцноантичкото време;
- Китка — некропола од доцноантичкото време;
- Кутлев Крст — тумба — населба и некропола од доцноантичкото време;
- Паратлија — средновековна некропола;
- Петралица;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кривопаланечко;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 201, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |