Селиште (Безиково)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Селиште


Местоположба 41°58′21″N 22°31′41″E / 41.97250° СГШ; 22.52806° ИГД / 41.97250; 22.52806
Основни податоци
Место Безиково
Општина Кочани
Тип

 населба  црква


Период доцноантичко време
старохристијанско време
Портал „Археологија“

Селиштеархеолошко наоѓалиште во кочанското село Безиково. Претставува населба од доцноантичко време и старо-христијанска црква. Во непосредната близина на маалото Острици, на тераса оградена со високи ридови се среќаваат фрагменти од керамички садови и питоси. Спорадично има и остатоци од топена железна руда. На северниот крај на наоѓалиштето се наоѓа црквата Св. Атанас која е изградена во поново време, врз темелите на старохристијанска црква.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 173, ISBN 9789989101069