Јелешка Река
река во Грција и Македонија
(Пренасочено од Секулева Река)
Јелешка Река (лерински назив: Сакулева или Секулева, Сакулина (грчки: Σακουλέβας, Сакулевас) — река во западниот дел на Егејска Македонија (денес во Грција) и јужниот дел на Македонија.[1]
Јелешка Река Сакулева | |
---|---|
![]() Реката низ градот Лерин | |
Местоположба | |
Држава | ![]() ![]() |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Баба |
Устие | |
• место | Црна Река, кај с. Брод, Општина Новаци |
Големина на сливот | 876,8 км2 |
Особености на сливот | |
Течение | Црна Река→ Вардар→ Егејско Море |
Зафаќа сливно подрачје од 876,8 км2.[1] Претставува главна водна артерија на Леринското Поле.
ТечениеУреди
Реката извира од планината Баба и тече на исток во тесна длабока долина под името „Сакулева Река“, преминува во рамницата Пелагонија и тече низ градот Лерин. Потоа свртува на север, минува крај селото Сакулево (чие име го носи), преоѓа во Македонија и се влева во големиот свиок на реката Црна над селото Брод, Општина Новаци, каде е позната како „Јелешка Река“.[1]
ГалеријаУреди
Елешка (Сакулева) Река помеѓу селата Сакулево и Долно Клештино
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 1,2 Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија (PDF). Скопје: Геомап. стр. 34. ISBN 978-9989-2117-6-8.
Надворешни врскиУреди
- Јелешка Река на Ризницата ?